Колку пари веќе заработи „Сборнаја“ на ова Светско првенство?

Руските играчи ја слават победата откако шпанскиот фудбалер Јаго Аспас промаши пенал на 1 јули 2018.

Руските играчи ја слават победата откако шпанскиот фудбалер Јаго Аспас промаши пенал на 1 јули 2018.

Reuters

Руската национална селекција не само што ги надмина сите очекувања, туку и ја наполни својата каса. Медиумите пишуваат дека руската досега заработила од ФИФА 16 милиони долари.

Секој од тимовите што се квалификуваа на Светското првенство добиваат убави 8 милиони долари, додека репрезентациите кои ќе поминат во следната рунда добиваат дополнителни 4 милиони. И уште 4 милиони за оние кои ќе се пробијат во четвртфиналето. Сите овие пари легнуваат на сметката на Фудбалскиот сојуз на земјата кој потоа одлучува за распределбата.  

Рускиот фудбалски сојуз ќе искористи осум милиони долари за да ги покрие трошоците настанати во текот на подготвителната фаза на Светското првенство, додека преостанатите осум ќе ги поделат сојузот, играчите, тренерите и другиот персонал.

Но, тоа не е сѐ. Оној што ќе освои турнирот добива сума од 38 милиони долари, второто место носи 28, а третото 24 милиони долари, додека четвртиот тим дома носи 22 милиони долари.

Прочитајте повеќе: Дали руската економија ќе има корист од Мундијалот?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња