„Форбс“: Светското првенство во фудбал ја направи Русија привлечна за инвестиции

Путин со пехарот на Светското првенство во фудбал.

Путин со пехарот на Светското првенство во фудбал.

Global Look Press

Водечкиот аналитичар на американскиот магазин е уверен дека Русија во овој момент се наоѓа во фаза на полн економски подем.

Благодарение на меѓународните настани како што е Светското првенство во фудбал Русија дефинитивно стана попривлечна за економските партнери од Запад, пишува аналитичарот на магазинот „Форбс“ Френк Холмс. Како што истакнува тој, на западњаците им е нејасен парадоксот дека и покрај санкциите, падот на цената на нафтата и генерално песимистичните и депресивни предвидувања, Русија денес се наоѓа во подем. А тоа го докажува како Олимпијадата во Сочи, така и Мундијалот кој тукушто се одигрува во 11 руски градови, уверен е аналитичарот.

Колку беа успешни финансиските инвестиции во Сочи најдобро кажува популарноста на градот кај странските туристи која воопшто не стивнува. Кога се работи за актуелниот шампионат, најголема корист ќе имаат хотелите и рестораните, продавниците на мало, телекомуникациските компании и сообраќајот, а пред сѐ московските аеродроми. Благодарение на нивната модернизација бројот на туристи само ќе се зголемува во годините пред нас, тврди авторот на текстот.

Русија, која минатата година излезе од двегодишната рецесија предизвикана од падот на нафтата и санкциите, воведени по приклучувањето на Крим, денес доживува целосен економски подем, пишува аналитичарот на „Форбс“. Во прилог на својата теза тој го наведува растот на БДП-то, намалувањето на инфлацијата и невработеноста, како и курсот на државната политика која треба да обезбеди стабилен економски раст. Меѓу таквите мерки западниот експерт го вбројува зголемувањето на горната граница за заминување во пензија, кои од една страна имаат за цел намалување на оптоварувањето на државниот буџет од страна на постарата популација, а од друга зголемување на пензиите.  

Прочитајте повеќе: Дали руската економија ќе има корист од Мундијалот?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња