Бугарскиот претседател бара од Русија да изгради „Бугарски тек”

Stefan Sauer/dpa/Global Look Press

„На Бугарија ѝ е потребна директна испорака на руски гас преку Црното море. Да го наречеме тоа „Бугарски тек“, изјави претседателот на Бугарија Румен Радев во интервју за рускиот весник „Комерсант”.

Според него, ваквиот пристап го „диктира здравиот разум“, како и потребата од енергетска безбедност и ефикасност, меѓу другото, што се однесува и на Европската унија.

„Ваквите стремежи не се разликуваат во ништо од плановите на Германија да го реализира „Северен тек-2“, изјави Радев.

Претседателот на Бугарија пристигна во дводневна посета на Русија. Неговата средба со претседателот на Русија Владимир Путин е планирана за вторник во Сочи. Тоа ќе биде прва билатерална средба меѓу претседателите на Русија и Бугарија последниве 10 години.

Се претпоставува дека по 2019 година снабдувањето на Бугарија со руски гас ќе биде ограничено на гасоводот „Турски тек“. Бугарија ќе добива гас од Русија преку Турција.

Русија во декември 2014 година, поради неконструктивниот став на ЕУ, соопшти дека ја прекинува работата над „Јужен тек“. Претседателот на РФ Владимир Путин изјави дека Русија е изненадена поради бескарактерниот став на бугарското раководство за „Јужен тек“, со што им се нанесува штета на интересите на Софија.

Прочитајте повеќе: Кој настрада од откажувањето од Јужен тек

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња