Руските војници наскоро нема да можат да ги купат во кантина американските „Сникерси“ – место нив ќе имаат слична варијанта од домашно производство, пакувана во зелена обвивка со петокрака.
„Руското чоколатце не е ништо полошо. Напротив, многу е повкусно“, изјави за „Комерсант FM“ генералниот директор на компанијата „Военторг“ Владимир Павлов: „Јас веќе неколку пати ја пробав. Тоа е одличен производ, добро осмислен и вкусен“.
Руската чоколада ќе чини 30 рубли, што е 10 рубли поевтино од „Сникерс“, но ќе биде и 10 грама полесна од својот американски „ривал“. Во „Армијата на Русија“ ќе има триесетина проценти помалку калории. Некои тврдат дека тоа можеби и не е некоја предност, затоа што војничката храна треба да има висока енергетска вредност.
Од друга страна, енергетската вредност на оброкот во руската армија изнесува 4300 калории, а чоколатцата „Сникерс“ не беа задолжителен дел од тој оброк, така што нивното исчезнување од понудата во воените кантини нема да влијае на исхраната на војниците, истакнува главниот уредник на списанието „Армија и флота“ (Армия и флот) Дмитриј Шеремецки.
„Военторг“ планира сите увозни производи што ги користи војската да ги замени со намирници од домашно производство. Следна на ред е „Кока-кола“.
Чоколатцата „Армија на Русија“ ќе се појават во кантините на руските касарни во септември.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче