Студентите од Самарскиот државен аерокосмички универзитет создадоа примерок на 3Д-принтер за печатење големи фигури од чоколада. Веќе овој месец тој ќе ги мине лабораториски испитувања. Потоа инструментот ќе биде тестиран во еден од рестораните во градот.
„Know-how-то“ е дел од уникатните системи на ставање и ладење на чоколада во 3Д-печатачот. Тие овозможуваат да се реши главниот проблем на „печатењето“ со принтерот на големи фигури кога чоколадните „мастила“ едноставно протекуваат без да успеат да се зацврстуваат.
Студентите создале нов систем во соработка со готвач на еден локален ресторан.
„Ние користиме истовремено неколку системи на ладење“, вели еден од изумителите на печатачот Вера Панова.
- Првиот е нешто како голем фен кој дува во различни насоки. Вториот е „производна интервенција“. Се додаваат одредени производи и чоколадата брзо се лади - не за 10, ами за 3 до 5 минути.
Самиот материјал за печатењето има одредени барања. Чоколадата треба да биде квалитетна, без палмино масло и други адитиви и често е премногу скапа. Неусогласеноста на „суровината“ при процесот на топење може да доведе до добивање на влакнеста маса, што отежнува обликувањето на фигурите. Денес авторите на проектот користат само црна чоколада, но во иднина планираат да печатат со бела и со млечна чоколада.
Се претпоставува дека во иднина новата технологија ќе најде примена во рестораните, кондиторските работилници и во кафулињата во Самара.
Употребата на ваков печатач ќе овозможи не само да се забрза, ами и да се зголеми работата на слаткарите. Така на пример рачно цртање комплексна фигура од различни видови чоколада може да потрае повеќе од еден час, додека со „чоколада“ со 3Д-принтер печатењето на детали ќе бара не повеќе од 10 минути.
Се очекува дека посебните програми ќе им овозможат на посетителите на кафулињата да инсталираат на своите смартфони апликација и самите да избираат состојки и форми, како и видот на кондиторските производи. Засега постојат само 3-4 варијанти.
Идејата за создавање на уредот се родила од желбата да биде овозможена избалансирана исхрана на космонаутите за време на експедициите. Единствено што учениците решиле да создадат едноставна технологија. Потоа тие планираат да се вратат на првичната идеја за „вселенски печатач“ и да развијат прехранбен 3Д-печатач со комплексно, разновидно и балансирано мени.
„Да се создаде печатач за урамнотежена исхрана не е лесно, но ние веќе ги започнавме подготовките за оваа работа - вели Панова. - Сакаме да направиме индивидуална исхрана за космонаутите, така што секој да може да прима храна во зависност од индивидуалните потреби на организмот од протеини, масти и јаглехидрати. Сепак засега не сме разговарале за оваа идеја со самите космонаути“.
Студентите работат на проектот во тим од пет лица, користејќи само сопствени средства. Голем број претпријатија веќе покажале интерес за разработката.
Налето научниците планираат да создадат 3Д-принтер за печатење со карамел, користејќи го заедно со чоколада и правејќи комбинирани фигури. За оваа цел е потребно да се измисли нов систем за ладење: карамелен 3Д-печатач во моментот во светот не постои.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче