Руските војници остануваат без „Сникерс“ и „Кока-кола“

imago stock&people/Global Look Press
Трговското претпријатие на Министерството за одбрана на Русија во најскоро време ќе им понуди на своите војници домашна замена за чоколадите „Сникерс“ и пијалокот „Кока-кола“, изјави директорот на „Военторг“ Владимир Павлов.

„Не е во ред кога рускиот војник во касарната смета дека најдобар пијалак е „Кока-кола“ и највкусно чоколадо е „Сникерс“. Наша задача е да сториме нешто околу тоа. Сѐ уште не сме тргнале во офанзива против „Кока-кола“, но тргнавме против „Сникерс“. Се надеваме дека во најскоро време ќе ни успее тоа“, изјави Павлов за новинската агенција ТАСС.

Директорот на компанијата исто така рече дека „Военторг“ ги опремува касарните со апарати за храна и пијалак и дека војниците веќе користат преку илјада од овие апарати.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња