„Коркунов“ и слатката иднина на пазарот на чоколада

Во чоколадницата „Коркунов“ се продаваат 15 вида топла чоколада, додека свежите чоколадни бонбони од „Одинцово“ стасуваат секое утро. Фотографија од слободни извори.

Во чоколадницата „Коркунов“ се продаваат 15 вида топла чоколада, додека свежите чоколадни бонбони од „Одинцово“ стасуваат секое утро. Фотографија од слободни извори.

Продажбата на чоколада од највисока клас во Русија има мошне добра перспектива. Се очекува Русите постепено да преминат на поскапи производи како што е рачно направената чоколада, додека домашниот пазар на овој десерт во моментов вреди повеќе од 8 милијарди долари.

Основачите на бутикот за врвна чоколада „Коркунов“, кои за Нова година отворија продажно место во московскиот трговски центар „Афимол-Сити“, веруваат дека Русите ќе станат љубители на овој десерт.

„Би сакал вакви бутици да отвориме и во други трговски центри“, вели основачот на брендот Андреј Коркунов. „Отворањето продавници од ваков вид ја шири потрошувачката култура поврзана со чоколадата и со квалитетот на прехранбените производи.“

Она по што с специфичен бутикот „Коркунов“ е широкиот гастрономски спектар, а не само обична продажба на кутии чоколадни бонбони, вели Петер Кнауер, генерален директор на „Одинцовската фабрика за чоколада“, каде што се произведуваат слатките на компанијата „Коркунов“. Во споменатата чоколадница се продаваат 15 вида топла чоколада, додека свежите чоколадни бонбони од „Одинцово“ стасуваат секое утро.

Од лево кон десно: потпретседателот на компанијата „Опора Росии“ Андреј Коркунов, маркетинг-директорката на компанијата AFI Development Цвија Левиев, и Петер Кнауер, генерален директор на „Одинцовската фабрика за чоколада“. Извор: Екатерина Чеснокова / РИА Новости.

Компанијата одби да соопшти колку чинело отворањето на новиот бутик, но нејзиниот претставник за односи со јавноста изјави дека се очекува вложените средства да се повратат за 8 до 12 месеци.

 „Коркунов“ не е прва чоколадница која е отворена во Русија. Синџирот „Конфаељ“ започна со работа во 2002 година и денес може да се најде на 21 локација во Москва и на бројни места во други градови во Русија. Во Москва има и други бутици за кондиторски производи како што се „Леонидас“, „Годива“ и „Линт“.

Според студијата што ја направи компанијата KPMG, објавена во септември минатата година, Русија се смета за еден од најперспективните пазари за работа на чоколадници. Стручњаците од KPMG предвидуваат дека домашниот пазар на чоколада, кој во моментов вреди повеќе од 8 милијарди долари, во наредниве три години ќе порасне за 45%, за разлика од глобалниот пазар на чоколадни производи на кој му се предвидува пораст од само 2%.


Отворањето продавници од ваков вид ја шири потрошувачката култура поврзана со чоколадата и со квалитетот на прехранбените производи.

Андреј Коркунов

Истовремено, продажбата на чоколада од највисока класа има мошне добра перспектива, зашто се предвидува дека Русите ќе преминат на поскапи производи, како што е рачно направената чоколада.

Во внатрешноста на Русија постои голем потенцијал за отворање продавници за вакви слатки, изјави за магазинот „Businessmania“ Константин Солдатенков, менаџер за Русија на белгискиот синџир бутици за продажба на првокласната чоколада „Даскалидес“. Во град со повеќе од милион жители можат да работат повеќе вакви продавници, а во некој помал град, каде живеат до 500.000 жители, можат успешно да работат пет вакви бутици, додава Солдатенков.

Кнауер се сложува дека можностите за отворање продавници за чоколада во Русија се големи и рече дека неговата компанија очекува дека во иднина ќе отвори синџир бутици „Коркунов“ низ целата земја. Тој додаде дека свежата чоколада може да се доставува дури и надвор од границите на Москва.

Бутикот за првокласна чоколада „Коркунов“ во Москва. Фотографија од слободни извор.

„Во моментов работиме на развој на ваков бизнис-модел“, изјавува Кнауер. „Веќе се отвораат можности за решавање на логистичкиот проблем, так што за само еден ден ќе можеме да ги доставиме нашите производи во Санкт Петербург.“

„Сакаме да видиме како функционира овој модел, а потоа ќе правиме понатамошни планови“, додава тој.

Но, стручњаците веруваат дека овој бутик сам по себе нема голем комерцијален потенцијал и дека првенствено служи како средство за промовирање на брендот. Андреј Коркунов во 2008 година изјави дека една продавница со производи од неговата компанија во 2004 година била отворена на плоштадот Лубјанка, која дека до тој момент не ги вратила вложените средства и дека нејзина најважна задача е да помогне во изградбата на имиџот на компанијата.

Од друга страна, има и такви кои имаат помалку конзервативни прогнози за иднината на ваквите продавници. Александар Носов, главен чоколатијер на „Одинцовската фабрика за чоколада“, изјави дека Коркунов ја разгледува идејата да отвори бутик во кој свежо направената чоколада ќе се служи во ентериер од чоколада: ѕидовите и плафонот би биле направени од ова слатко.
„Но, не и подовите“, додава тој. „не би ви било пријатно да одите по чоколада.“

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња