Во Германија почна поставувањето на цевките за гасоводот „Северен тек 2“

Jens Büttner/Jens Büdpa/Global Look Press

Компанијата Nord Stream 2 ги почна работите за поставување на цевките за гасоводот „Северен тек 2“ на копнената приклучна станица кај Лубмин во Грајфсвалдскиот залив.

Според претставниците на компанијата Nord Stream 2, во склоп на првата фаза на работите е предвидено цевките, чии сегменти се заварувани на бродот за поставување на цевки „Касторо 10“, бидат поставени во подземниот тунел кој води до приемната станица на копно, пренесува „Дојче Веле“.

Како што се нагласува, изградбата на подводниот тунел во должина од 30 километри почна пред два месеца.

Со планот за изградба на гасоводот е предвидено работите за поставување на цевките да почнат во август и да бидат завршени кон крајот на 2019 година.

Според резултатите од истражувањето на јавно мислење кое вчера го спроведе вчера институтот „Форса“, мнозинството граѓани на Германија го поддржуваат продолжувањето на изградбата на гасоводот „Северен тек 2“.

Интересно е дека претходно Сојузниот уставен суд на Германија одби да го земе на разгледување барањето за запирање на изградбата на гасоводот „Северен тек 2“ поднесено од Унијата за природа и зачувување на биодиверзитетот.

Со слично барање истапи пред тоа и Светската организација за природа WWF.

Прочитајте повеќе: „Гаспром“ ќе го гради Северен тек-2 самостојно

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња