Шведска ја одобри изградбата на „Северен тек-2”

Global Look Press

Владата на Шведска во четвртокот, 7 јуни, одговори позитивно на предлогот на компанијата Nord Stream 2 гасоводот „Северен тек-2” да биде изграден и користен во шведската економска зона на Балтичкото море, пренесуваат медиумите

Компанијата Nord Stream 2 претходно исто така ги доби сите потребни дозволи од Германија и Франција за изградба и експлоатација на гасоводот „Северен тек-2“.

Министерот за економија и енергетика на Германија Петер Алтмаер во мај изјави дека спречувањето на изградбата на гасоводот „Северен тек-2“ не ѝ гарантира на Америка зголемена продажба на американскиот течен гас.

„Северен тек-2” е подводен гасовод долг околу 1220 километри кој поминува под Балтичкото море од Русија до Германија. Околу 374 километри на гасоводот ќе поминат низ ексклузивната економска зона на Финска, се наведува во соопштението. Документите за конечната дозвола на Русија за изградба на „Северен тек-2“ ќе бидат подготвени летото 2018 година.

Прочитајте повеќе: Во Германија почнаа подготвителните работи на морската делница на „Северен тек-2“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња