Компанијата Nord Stream 2 AG ги почна во Грајфсвалдскиот залив подготвителните работи за поставување на цевки на морската делница на гасоводот „Северен тек-2“. Вкупно пет багери почнаа со ископување на каналите за двата краци на гасоводот, се вели во соопштението во кое сите оние кои го користат Грајфсвалдскиот залив можеа да се запознаат со официјалното известување упатено до поморците заради осигурување на безбедноста. Според зборовите на раководителот на изградбата Георг Новак, инструкцијата е достапна на пристаништата, кај крајбрежната стража и на сајтот на компанијата.
Како што се наведува, сите работи за почнати во согласност со наведената дозвола за изградба и експлоатација на гасоводот
„Северен тек-2“ во територијалните води на Германија и крајбрежната делница која е издадена на 31 јануари 2018 година.
И покрај тврдењата на германското Здружение за заштита на природата и биодиверзитетот, дозволата е издадена по процесот беспрекорно планирање и јавни консултации кои почнаа во април минатата година и покажаа неколку битни работи, се наведува во соопштението.
Се работи пред сѐ за тоа дека изградбата на гасоводот е неопходна заради делумно решение на проблемот со недоволниот увоз на гас во Европа, како и зголемување на безбедноста на доставата на енергенси и конкуренцијата на гасниот пазар во Европската Унија. Покрај тоа, гасоводот „Северен тек-2“ претставува најефикасен начин на транспорт на гаса од најголемите во светот наоѓалишта на гас спрема потрошувачите во Германија и Централна Европа, како од економска, така и од еколошка гледна точка. Гасоводот ќе биде потполно безбеден за животната средина, врз која во текот на изградбата ќе има исклучително локално и времено влијание. Исто така, ќе придонесе за остварувањето на целите на ЕУ во борбата против климатските промени, затоа што гасните електрани емитуваат 50% помалку CO2 во однос на електраните со погон на јаглен, наведува операторот на проектот.
Покрај Германија, и Финска ги издаде сите неопходни дозволи за изградба и експлоатација на гасоводот. Подготвителните работи на морската делница на „Северен тек-2“ во оваа земја се веќе почнати.
Постапката за добивање на дозволите во другите земји низ кои минува гасоводот, а тоа се Русија, Шведска и Данска, се одвива според планот. Како што се очекува, „Северен тек-2“ во наредниве месеци ќе ги добие преостанатите дозволи. Изградбата на гасоводот според планот треба да почне годинава.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче