Русија се снабди со атрактивно оружје, пишува сајтот Farm-connexion, пренесуваат руските медиуми.
Според податоците на Руското здружение на производители на специјализирана техника, изминативе години се бележи силно зголемување на извозот на земјоделска опрема произведена во Русија. Така минатата година од продажба на таква техника во странство се добиени 7,9 милијарди рубли, што е за 16% повеќе од 2016 година.
Минатата година Русија ја извезуваше својата земјоделска механизација во 45 земји во светот, меѓу кои пред сѐ се земјите од ЗНД, Европската Унија, Монголија и Канада. Според мислењето на стручњаците техниката на изградба и технологијата во Русија во последно време се значително унапредени, што и резултираше со враќањето на интересот за руските трактори, средствата за обработка на земјата и механизацијата за сеење.
И уште еден фактор кој придонесе за тоа се наоѓа во фактот дека руските компании се присутни на меѓународниот пазар. На пример, „Росспецмаш“ константно учествува на саемите во странство. Затоа дефинитивно се очекува понатамошен раст на извозот на ваква опрема. Така Русија годинава смета на 20 нови земји во својство на клиенти. И макар што Франција засега не се наоѓа на тој список, сепак, сѐ може да се смени, верува авторот на текстот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче