Видео: Ветеран на американските „Делта Форс“ импресиониран од новиот АК-12

Скриншот

Скриншот

Ветеранот на американската елитна специјална единица „Делта Форс“, познатиот експерт за оружје Лари Викерс, даде своја оцена за новите модели на концернот „Калашников”.

Еден од тие модели е и автоматската пушка АК-12. Овој модел неодамна влезе во состав на вооружувањето на руската војска.

Снимката од тестирањето е објавена на „Јутјуб“ каналот „Концерн Калашников”.

Викерс истакнува дека новата автоматска пушка има прилагодлив кундак и дека покрај интегрираната „Пикатини“ шина, има тежина на обична воена пушка. Тоа е постигнато така што е отстрането постољето на преклопувачот на нишанот.

„Многу ми се допаѓаат новите модели АК-12 и АК-15. Конструктивно е многу тешко да се постигне стабилност на оптиката поставена на капакот на сандакот. Мислам дека кај овие автоматски пушки е применет многу добар пристап и дека се работи за исправна насока. Кај АК-12 и АК-15 видов добро смислено, иновативно решение на овој проблем“, рече Викерс по тестирањето на оружјето.

Лари Викерс е ветеран на американската елитна оперативна единица „Делта Форс“. Учествува во многу познати воени операции, како и во проектирањето на некои познати модели на стрелечки оружје.

Во моментов е сопственик на компанијата за производство на воена опрема под називот Vickers Tactical.

Прочитајте повеќе: Рускиот „Витез“ меѓу најдобрите пет автомати на светот

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња