„Гаспром“ постави повеќе од 600 километри цевки за гасоводот „Tурски тек“, а работите ќе бидат завршени во рокот предвиден со проектот, изјави официјалниот претставник на „Гаспром“ Сергеј Купријанов за телевизијата „Русија 24“.
„Поставени се повеќе од 600 километри цевковод во двата крака, со брзина од 4 километри дневно, што е за морски гасоводи исклучително висок показател. Тоа се постигнува благодарение на фактот дека е ангажиран најсовремениот брод за поставување на цевки. Работите се одвиваат со полна пареа, па е сосем очигледно дека ќе бидат завршени во рокот“, нагласи Купријанов.
Преку гасоводот „Турски тек“ синото гориво ќе се испорачува од Русија по дното на Црното море до европскиот дел на Турција и понатаму до нејзината граница со Грција. Должината на морската делница ќе изнесува 910 километри, а на копнениот дел на територијата на Турција 180 километри.
Еден крак е наменет за турскиот пазар, додека вториот би требало да ја снабдува со гас јужна и југоисточна Европа. Капацитетот на еден крак изнесува 15,75 милијарди кубни метри гас годишно. Претходно „Гаспром“, кога стануваше збор за четири крака, планираше да инвестира во проектот 11,4 милијарди евра, пишува ТАСС.
А за големината на „Гаспром“, прочитајте во „Гаспром” на прво место на ранг-листата на најголеми енергетски компании на светот
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче