„Гаспром“ последните три дена регистрира нови рекордни количини на испорачан гас преку „Северен тек“, се вели во соопштението на руската компанија што го пренесува „Лента.ру“.
Како што се истакнува, дневниот обем на извоз на гас се зголеми од почетокот на 2017 година. На 1 јануари тој првпат достигна 160,75 милиони кубни метри и се зголемуваше дневно сѐ до 4 јануари. Како резултат на тоа, од 4 до 6 јануари компанија забележа нов рекорд во дневната испорака на гас преку „Северен тек“ – 165,2 милиони кубни метри. Ова се случува во услови на зголемена побарувачка на гас во Европа, се вели во извештајот.
„Во моментов обемот на оптовареност преку „Северен тек“ според годишните пресметки ги надминува за 10% проектираните обеми на гасоводот. (...) Тоа не е само безтранзитен гасовод кој директно ги поврзува гасоводните системи на Русија и Европа, туку и, што е многу важно, е модерен и хај-тек гасовод“, истакна претседателот на управата на „Гаспром“ Алексеј Милер.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче