Претворено во бројки во Европската Унија се продадени вкупно 5167 возила од марката „Лада“ на производителот АвтоВАЗ. Како што истакнува „Автостат“, и покрај растот, обемот не е голем, а уделот на руски автомобили во вкупната продажба изнесува само 0,03%, што се податоци кои АСЕА не ги обработува, пренесуваат руските медиуми.
Сепак, во ЕУ се продадени малку повеќе „Лади“ отколку автомобили од марките „Бентли“, „Бугати“ и „Ламборгини“ заедно.
Аналитичарите истакнуваат дека растот на продажбата на „Лада“ на европскиот пазар минатата година е поврзан со појавата на седанот „Лада Веста“ во Австрија, Бугарија, Унгарија, Германија и Литванија. „Лада“ е сѐ попопуларна во Германија со значително порасната продажба во 2017 година (2600 возила, во однос на 3000 автомобили од премиум марката „Лексус“). Најбаран беше теренецот Lada 4×4.
На интернет денес се појавија првите фотографи од обновената „Лада Гранта“, а се соопштува и дека Lada Vesta Sport добила нов тапацир во црна боја, кој се вградува само во луксузните варијанти на автомобилот или се плаќа дополнително.
Прочитајте за првакот на рускиот извоз - „Лада Нива“