УАЗ претстави прототип на нов хибриден автомобил

Производство на автомобили.

Производство на автомобили.

DPA/Vostock-Photo
Експерименталниот автомобил УАЗ „Профи” има хибриден погон со мотор на бензин и електромотор.

Рускиот производител на автомобили на „Уљановски автомобилски завод“ (УАЗ) го претстави на саемот „Иннопром“ во Екатеринбург експерименталниот автомобил УАЗ „Профи“ на хибриден погон со мотор на бензин и електромотор. Според соопштението на компанијата, се планира пробното користење на автомобилот да започне во 2019 година.

Експерименталниот модел, кој на саемот му беше презентиран на претседателот на Русија Владимир Путин, има бензински атмосферски мотор, анласер со моќ од 84 киловати, електромотор со сила од 105 киловати и акумулатор од 25 киловати, пренесува „Автоновости“.  

Покрај тоа, автомобилот е опремен со елементи на интелигентен систем за асистенција во возењето кој го предупредува возачот за оддалечување од правецот на движење, препознава патни знаци, семафори и пешаци и, исто така, може да го утврди растојанието до возилото што се движи пред автомобилот.

Се очекува дека овие модели во иднина ќе бидат опремени со систем за полнење на батеријата како со еднонасочна, така и со наизменична струја.

Компанијата наведува дека автомобилите, исто така, ќе бидат опремени со „оригинална телематска платформа УАЗ“ која овозможува од далечина да се контролира состојбата на возилото и да воспоставува врска со него, што ќе го олесни управувањето со возниот парк и ќе ги намали оперативните трошоци.

Планирано е дека возилата УАЗ, кои се опремени со хибриден систем, ќе можат да ја зголемат резервата за движење со едно полнење до 1000 км, намалувајќи ја потрошувачката на гориво за автомобил тежок 1,5 тони на 7 литри на 100 километри. Покрај тоа, автомобилот ќе може да се движи до 100 километри на електричен погон, а хибридниот погон ќе одговара на еколошките барања на Европската Унија „и другите потенцијални извозни пазари“.

„Со поддршка на инфраструктурата v2i (возила-до-инфраструктура) која е создадена во Русија, идните автомобили УАЗ на клиентите, исто така, ќе им понудат можност да користат широк спектар на онлајн услуги: од автоматизирана техничка асистенција и навигација до информативно-забавни услуги“, се вели во соопштението на производителот на автомобили.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња