Како Русија си го поврати легендарниот бренд вотка од пребеган милијардер?

AP
Еден тајкун од листата на „Форбс“ избега од Русија пред 15 години, но продолжи да ја продава познатата вотка „Столичнаја“ во светот. Сега, државата си го враќа брендот.

Во 2017 година шише вотка со налепница со златни ракописни букви на позадина од хотелот „Москва“ и обрабена со две црвени ленти беше петтиот најпродаван бренд на вотка во светот. Сепак, зад сцената, се одвиваше борба меѓу двајца производители кои си конкурираа за сопственоста на брендот проследена со полициски рации и тужби од повеќе милијарди долари.

Сомнителна приватизација

Еден ден во декември 2002 година московската полиција упадна во канцеларија на улицата „Долгоруковскаја“. Полицајците ја пребаруваа зградата 22 часа и проверуваа документи на четири ката.

Канцеларијата припаѓаше на рускиот тајкун, продавач на алкохол, Јуриј Шефлер. Истата година претходно Шефлер ја напушти Русија соочен со можна казна затвор за наводно крадење на правата на трговската марка „Столичнаја“, еден од најпопуларните брендови на вотка во светот.

Русија тврдеше дека Шефлер незаконски купил повеќе трговски марки под пазарна цена кога го искористи хаосот од доцните 1990-ти, плаќајќи само 45 милиони долари за трговски марки кои подоцна беа проценети дека вредат меѓу 400 милиони и 1,4 милијарди долари.

Русија тврдеше дека Шефлер незаконски купил повеќе трговски марки под пазарна цена кога го искористи хаосот од доцните 1990-ти.

„Работата е целосно парализирана“, изјави Сергеј Богуславски, заменик-генерален директор на канцеларијата на С.П.И. во Москва, веднаш по рацијата во 2002 година.

Сепак, вложувањето се чинеше дека вреди за ризиците: производството и извозот на вотка „Столичнаја“ ја направи С.П.И. Групата на Шефлер со годишни профити кои се движеа од 500 до 680 милиони долари, според различни проценки.

Управувајќи со својата компанија од Велика Британија, прогонетиот бизнисмен продолжи да прави милиони извезувајќи ја „Столичнаја“ и нејзините многубројни варијации во САД и на други странски пазари.

Во меѓувреме, руската влада започна скапи судски процеси против компанијата на Шефлер, како и со производство и продажба на сопствен бренд „Столичнаја“.

Скап судски процес

Иако исцрпени од скапиот судски процес, ривалските компании продолжуваат да се борат за сопственичките права на брендот и профитот од повеќе милиони долари. „Сојузплодоимпорт“ во сопственост на руската влада ја произведува „Столичнаја“ во Калининград, а С.П.И. Групата во сопственост на Шефлер го пресели производството во Латвија.

На 9 јануари 2018 година холандскиот суд пресуди дека правата на вотката „Столичнаја“ припаѓаат на „Сојузплодоимпорт“ и С.П.И. Групата мора да ја врати целата добивка направена на пазарот на Бенелукс од 1999 година.

Шефлер вети дека ќе поднесе жалба на одлуката, додека победникот тврди дека правдата е задоволена. Пазарот за кој станува збор, сепак, претставува само мал дел од територијата каде што се продава популарниот бренд. Со голем профит во прашање, спорот мора да продолжи.

Прочитајте повеќе за историјата на вотката.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња