Каде во Русија се заработува најдобро?

Александар Крјажев/Sputnik
За чудо, Москва не е прва на листата.

Јамало-Ненецкиот автономен округ и Чукотка на северот на Русија ја надминаа Москва кога се работи за бројот на луѓе кои заработуваат повеќе од 100000 рубли (околу 1430 евра) месечно. Тоа го покажа истражувањето на агенцијата РИА „Новости“ објавено на 7 декември.

Во споредба со рускиот главен град, каде оваа плата ја заработуваат 17% од жителите, 23,5% од жителите на Јамало-Ненецкиот округ и 21% од жителите на Чукотка месечно носат дома повеќе од 100000 рубли.

Региони со најниски примања (помалку од 15000 рубли - 253 долари) се Република Дагестан, Кабардино-Балкарија, Чеченија, Калмикија и Карачаево-Черкесија.

Во 14 руски региони просечната плата е повеќе од 30000 рубли (507 долари), додека во 33 региони е помала од 20000 рубли (338 долари).

Неодамнешната анкета на агенцијата „Ромир“ исто така покажа дека само 0,2% од населението на Русије трошат повеќе отколку што заработуваат, додека речиси половина од испитаниците (46%) изјавиле дека ситуацијата е тешка, иако имаат доволно пари за покривање на основните потреби.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња