Колкави се највисоките плати во Русија?

Пари

Пари

Reuters
На чело на листата од десет сектори во кои вработените оствариле највисоки заработки се наоѓа производството на кокс и нафтени деривати, а просечната плата изнесува 156683 рубли (око 2270 евра).

Федералната служба за статистика на Русија (Росстат) ја објави висината на просечната плата во Русија, која во јули оваа година изнесуваше 39355 рубли (околу 570 евра).
Просечната плата номинално изминативе година дена порасна 8,6%, покажуваат податоците на „Росстат“. Додека реалната заработка во тој период порасна за 4,6%, реалните приходи се намалени за 0,9%.
„Вести Економија“ (Вести Экономика) наведуваат десет сектори во кои вработените оствариле максимални заработки.

1. На прво место се наоѓа секторот за производството на кокс и нафтени деривати, а просечната плата изнесува 156683 рубли (околу 2270 евра).
2. Експлоатација на нафта и гас - 110347 рубли (1598 евра).
3. Производство на тутун и тутунски производи - 110200 рубли (1596 евра). 
4. Осигурување и финансии - 78191 рубли (1132 евра). 
5. Добивање минерални сировини - 74940 рубли (1085 евра). 
6. Риболов и рибарство - 70840 рубли (1026 евра). 
7. Научни истражувања и развој - 70432 рубли (1020 евра). 
8. Професионална, научна и техничка дејност - 61457 рубли (890 евра). 
9. Производство на лекови и материјали кои се користат за медицински цели – 61151 рубли (886 евра). 
10. Дејност во сферата на информациите и комуникациите - 58336 рубли (845 евра).

Агенцијата Рамблер истовремено потсетува и на анкетата на информативната служба на федералниот канал Јавна телевизија на Русија (Общественное Телевидение России) спроведена меѓу гледачите во која се дојде до податоци дека на руските граѓани во просек секој месец до наредната плата им недостасуваат 19399 рубли (281 евро).

Падот на цените во Русија руши рекорди

Русија ќе ја зголемува продуктивноста на трудот

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња