Пари.
Getty ImagesПросечната месечна плата во Русија во јули се зголемила во годишна пресметка за 8,6%, на 39355 рубли (34886 денари според курсот на НБМ од 17 август 2017), се вели во извештајот на руската државна агенција за статистика „Росстат“.
За седум месеци од почетокот на 2017, просечната плата се зголемила за 7,5 проценти, се истакнува во материјалите на „Росстат“. Притоа реалната плата во јули пораснала за 4,6 проценти, додека во јануари-јули се зголемила за три проценти.
Реално расположливите приходи на Русите во јули 2017 се намалиле за 0,9 проценти во годишна пресметка, од почетокот на годината се намалиле за 1,4%.
На 1 август експертите на Високата школа за економија соопштија дека од октомври 2014 до мај 2017 година реалните приходи на Русите се намалиле за 19,2%. Благосостојбата на граѓаните опаѓала во текот на 31 месец. Прехранбените производи за тој период поскапеле за 28,5%, непрехранбените – за 26,2%, услугите - за 21,3%.
Русите се обидуваат да го компензираат намалувањето на реалниот приход со кредити, сметаат во РАНХиГС. „Најраспространета стратегија за подобрување на финансиската состојба на населението стана производството на прехранбени производи на свои парцели, пролетта 2017 година со тоа се занимаваше речиси една третина од населението, во споредба со 20 проценти во 2014 година“, истакнуваат аналитичарите, пренесува „Лента.ру“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче