Руски банки реализираа први трансакции преку блокчеин

Економија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Плаќањето е извршено „моментално“, наместо за вообичаените 30 часа.

Двете најголеми руски банки, Сбербанк и Алфа-банк, ја извршија првата трансакција во Русија користејќи ја блокчеин технологијата. Според претставник на Сбербанк, трансакцијата е извршена во затворена приватна мрежа до која пристап имале „одредени учесници“.

Серверите и мрежниот центар што е користен за плаќање е инсталиран од Сбербанк, а статусот на плаќањето се следел на интернет. Трансакцијата од еден милион рубли (14500 евра) ја извршил мобилниот оператор „Мегафон“, кој уплатил пари на филијала.

Двете банки велат дека плаќањето е извршено „моментално“. Обично за тоа се потребни 30 часа.

Блокчеин е дигитализирана и децентрализирана јавно достапна база на податоци која главно се користи за трансакции на криптовалути.