Русин сака да направи криптобордел со реални кукли

Економија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Клиентите ќе можат да плаќаат само со биткоини за нивната силиконска љубов.

Олег Воронин е шеф на проектот „Криптопуси“. Тој се стреми да создаде ланец од бордели во кои клиентите плаќаат со криптовалута. Според „Федералниот печат“, „Роспатент“ - Федерална служба за интелектуална сопственост на Русија - вели дека ја примиле апликацијата на Воронин. Тој се надева дека неговата инвестиција ќе ја зголеми побарувачката за биткоин во Русија.

Меѓутоа, има уште една финта во неговиот план: само кукли направени од природен силикон со подвижни раце и нозе ќе „работат“ во неговите бордели. Тие ќе бидат доставени од компанијата RealDoll. Очигледно, еден час со една од овие безживотни убавици ќе чини околу 30 долари. Воронин вели дека ако неговиот бизнис биде успешен, тој ќе отвори соби со машки кукли за жени.

Во октомври, руската порно актерка Екатерина Макарова – позната како „Мејси Сенс“ – им кажа на партиските лидери во Државната Дума (вклучувајќи го и рускиот премиер Дмитриј Медведев) дека треба да ја легализираат криптовалутата и пазарот со криптовалути - и им понуди секс за возврат.