Професија: Порноаналитичар

Фотографија од приватна архива

Фотографија од приватна архива

Постои работа на која треба да се гледаат порнографски фотографии и видеа на Интернет. Со ова се занимаваат аналитичарите на содржината. Благодарение на информацијата што тие ја имаат собрано, специјалната програма ја распознава Интернет содржината за возрасни и овозможува ограничување на пристапот на децата до него. Соработничката на меѓународната група во сферата на информациската безбедност „Лабораторијата на Касперски“ Ана Ларкина раскажува зошто почнала да се занимава со анализа на порнографијата и како нејзината работа ги заштитува децата.

Критичар на уметноста и порнографијата 

Ана Ларкина има 26 години и веќе 5 години таа разгледува фотографии и видеа со порнографија и со еротика, и за тоа зема плата. Освен содржината за возрасни, таа исто така ги прегледува сцените со насилство и сајтовите за наркотици. „Доколку човек е склон кон некаква морална деградација, тогаш подобро е да не се нафаќа на ваква работа“, раскажува Ана. 

По специјалност Ана е критичар на уметноста, завршила во Марбург, Германија, а исто така малку студирала и на Московскиот државен универзитет и сакала да стане фотограф. Паралелно со студирањето таа работела во голема Интернет-компанија, а исто така се занимавала со прегледување на различна содржина. Таа добила покана од компанијата која се занимава со разработка на програми против вирус „Лабораторијата на Касперски“. „Веднаш ми рекоа дека ќе треба да работам со порнографија. На почетокот се замислив, но потоа сфатив дека тоа нема биде проблем. Понатаму, кога јас разговарав со кандидатите, задолжително им кажував со што ќе треба да се среќаваат. Најважно е да се биде подготвен на сцени кои и не се порнографски, ами со насилство, зашто понекогаш има многу ужасни филмови. Растргнато тело, жестокост – сè уште не можам да се навикнам на тоа“, вели Ларкина. Со порнографијата е полесно: голите тела се природни и не се нагрдени. Сепак, понекогаш колегите, кога поминуваат покрај нејзиниот компјутер се шокираат. „Понекогаш колегите ме прашуваат: Боже, Ања, како можеш ова да го гледаш!“, се смее Ларкина. 

Опасна содржина има дури и во вестите 

Нејзината работа е неопходна за усовршување на програмата „Родителска контрола“ која влегува во составот на заштитните решенија на „Лабораторијата на Касперски“ и им овозможува на родителите да им ја ограничат на децата посетата на определени сајтови, во прв ред на оние со содржина за возрасни. „Имаме роботи, кои 'трчаат' и ги категоризираат Интернет-сајтовите. И ние ги обучуваме овие роботи. Им го ставаме она што го пропуштиле, или доколку некоја информација не ја знаат, така што тие работат уште подобро“, објаснува Ана. Таа го наведува примерот со норвешкиот блек-метал: во песната има стих „јас го растргнав детето и го премачкав со крв“. Сега роботот знае за оваа песна и ја лови. 

2013: 5 најнеобични работни места во Русија
Минатата година на луѓето им беа предлагани работни како менаџер за работа со факелоносци, извиткувач на цевки и конструктор на беспилотни летала.

Сега многу мали деца на претшколска возраст од љубопитство ги користат лаптопите на родителите. Тие бесцелно кликаат со глувчињата по сајтовите, а во процесот на пребарување може случајно да се појави банер со неприлична содржина или цела страница со сомнителни предлози. „Порносајтовите лесно можат да се фатат. Но, кадрите со мртви тела и со насилство може да ги има дури и во вестите“, вели Ларкина. Таа се сеќава како нејзината малечка внука отворила сајт на еден од главните телевизиски канали во Русија, каде што во форшпанот на емисијата покажале фотографија со мртовец. Детето се исплашило и се расплакало. Затоа, задачата на Ана Ларкина е да ги научи роботите да наоѓаат опасна содржина дури и во вестите. А, родителите, тргнувајќи од возраста на своите деца ќе можат да изберат дали ќе им дозволат на своите деца да гледаат ужаси од реалниот живот или ќе ги оградат од воените сцени, а исто така можат да им го ограничат пристапот до онлајн-игрите и сајтовите, што пропагираат наркотици. 

Ана вели дека нејзините пријатели ја сфаќаат важноста на нејзината работа. „Секако, на почетокот пријателите ме молеа: Ања, Ања, ти, најверојатно, ги знаеш најдобрите порносајтови, дај ни список. Но, потоа се смирија, па дури и ми испраќаа линкови за сајтови што треба да се проверат“, раскажува Ларкина. „Мајка ми веќе спокојно реагира, иако претходно велеше: Како може, ајде, добро, гледаш порнографија, ама и насилство гледаш!“ Но, потоа сфати дека тоа е важно и се гордее со мене“.

Сега Ана работи на создавање на нов проект кој во себе ќе вклучува 70 разни категории содржина на десет јазици. „Таму ќе може да се филтрира не сам насилството, туку и насилството според жанрот. На пример, екстремизам, расизам, нецензурирана лексика, самоубиства, омраза и дискриминација. Исто така раширивме и други категории, такви како што се порнографија, коцкање, наркотици и алкохол и многу други. Корисниците можат да изберат какви филтри да вклучат. Овој проект е предвиден веќе и за компаниите кои сакаат да го ограничат пристапот кон некои сајтови за своите вработени. Благодарение на овој проект, исто така ја усовршуваме и родителската контрола“, раскажува аналитичарката. 

Таа е подготвена и понатаму да работи со материјал „за возрасни“. „Многу ја сакам својата професија не за тоа што може да се гледа порно, туку токму поради нереалната полза што таа ја носи, и поради тоа што таа полза може да се види“, додава Ларкина.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња