Роскомнадзор vs Pornhub: Како Русите го бранат правото на порното

Getty Images
Корисниците на Facebook прераскажуваат порнофилмови пред камера како протест против блокирањето на најголемиот порносајт Pornohub, пуштаат мемиња, го напаѓаат државниот регулатор со провокативни пораки и избираат зборови за разговор за сексот.

Рускиот интернет регулатор Роскомнадзор на 8 септември го блокира на целата територија на земјата пристап до најголемиот во светот сајт за порнографија Pornohub и до ресурсот YouPorn. Револтираните корисници одговорија на акцијата со тролови, мемиња и хаштази на Интернет. По објавената одлука на судот регулаторот исто пристапи кон акција и влезе во вербално престрелка на Twitter и тоа не само со бранителите на порното, но и со самиот Pornohub.

Најефикасен начин за изразување на протестот беше акцијата на Facebook со хаштаг #роспорнобзор. Со глас на телевизиски спикер учесниците во акцијата прераскажуваа порнофилмови кои ги гледаат на своите уреди. Деталните описи на точката на снимање и самото дејство всушност е акција против лицемерноста, објаснуваат тие.

Деблокирај се

„Едната нога е некако како, како да кажам ... како лост. Не, не е како лост. Па другата нога е испружена во креветот за да може посилно да изврши дејството ... И враќајќи се кон тоа како таа изгледа ... веројатно како Аријана Гранде. Не. Како девојка на Аријана Гранде“, вака ги избираше зборовите поранешниот главен уредник на списанието „Афиша“, а сега дигитален директор на Esquire Russia Даниил Трабун, прераскажувајќи сцена од порнофилм.

За учесниците на флашмобот #роспорнобзор тоа стана и своевиден тест до кој степен тие ја владеат лексиката со која може да се опише сексот. Иницијаторот на акцијата - новинарот Трабун, како и неговите следбеници - исто луѓе главно од новинарската фела - прават обид, како што тврдат тие самите, да се деблокираат „првенствено себеси“. Инструкцијата е едноставна: избираме порноснимка; ја коментираме пред камера; ја тренираме сопствената деблокираност.

Фактот дека регулаторот жестоко се бори со порнографијата, ги забрануваат сега и самите хостинзи, односно местата специјализирани за таква содржина, од иницијаторите на овие вербални вежби беше дефиниран како лицемерност на државно ниво и конзервативна позиција. Може ли да се зборува за секс со неутрални зборови, може ли да се води дискусија за него, а освен тоа најпопуларната меѓу Русите социјална мрежа ВКонтакте во практика одамна е и најголемата порномрежа, но не е забранета. „Нездраво лицемерие ... Затоа го смисливме #роспорнобзор“, појасни Трабун. „Не ми е многу јасно зошто прекажаност на порно цртани филмови со таг #роспорнобзор се прогласува како разговор за сексот, кога тоа е повик за порнографијата“, расудува во исто време секс-блогерот Татјана Никонова.

За демографијата

Всушност Роскомнадзор веќе неколку години води тешка борба со порнографијата во ВКонтакте, заканувајќи се дека ќе го смести во регистарот на забранети сајтови како склад на детска порнографија. Само што секој пат раководството на социјалната мрежа ги подзачистува страниците без да дојде до најлошиот исход.

Всушност, таму може да се најде порно, само треба да се избере како параметар на селекцијата од чекбоксот „без ограничувања“. Дали за да навести дека обидите на регулаторот да ја искорени порнографијата потсетуваат на битка со ветерници или, пак, во знак на поддршка кон Pornohub, на 17 септември ВКонтакте го обои овој чекбокс во боите на забранетиот хостинг.

Администрацијата на порносајтот ја искоментира ситуацијата со следниов твитов: „@roscomnadzor момци, ако ви дадеме Pornhub Premium сметка, ќе се овозможи ли Pornhub во Русија“. „@Pornhub, Извинете, но ние не сме на пазар и демографијата не е стока“, одговорија од Роскомнадзор, а потоа додаваат дека деблокирањето е можно само по целосна замена на „репертоарот“ на сајтовите. „Со други зборови – никогаш“, заклучија коментаторите.

Веќе илјади раце чувствуваат чешање и се прашуваат

Роскомнадзор со задоволство дава и совети на корисниците на мрежата - и тоа уште од 2015 година, кога според пресудата внесе во црната листа одеднаш стотици сајтови за возрасни. Еве еден од овие совети: „Почитувана Леља, како алтернатива можете да се запознаете со некој во реалниот живот“. "@roscomnadzor Вие нудите да направите со Леља сè што имаше на хаб?“, иронизира во коментарите друг корисник.

„Роскомнадзор ќе го блокира Порнхаб. Веќе илјадници раце чувствуваат чешање и се прашуваат“, пишува @ludi_vokrug.

Некои се сетија како се живеело во времето без Интернет: „Судејќи според последните забрани на порносајтови, очекувам враќање на некогаш популарните шатори со порно на DVD и касети“.

А други во оваа акција видоа државен курс: „Па, замената на увозната стока се однесува и за порнохаб“, напиша @LevSharansky.

Минатата година Русите биле на 11 место меѓу посетителите на Pornhub (на прво биле корисниците од САД).

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња