Растот на платите во Русија - причина за бавен раст на БДП

Рубли.

Рубли.

Росијскаја газета
Платите на Русите растат побрзо отколку продуктивноста во земјата, што би можело да доведе до зголемување на инфлацијата и забавување на растот на БДП.

Ова во понеделникот го пишува весникот „Известија“, повикувајќи се на прес-службата на Банката на Русија.

Се наведува дека во Централната банка на РФ се загрижени поради недостигот од кадар во земјата. Се истакнува дека во Русија нема доволно лекари, учители, програмери, како и високо квалификувани работници.

Според експертите, дефицитот на работна рака може да ја забрза инфлација за 0,5 процентни, а темпото на економски раст во Русија може да се забави за 1 процент.

„Според податоците на „Росстат“, на продуктивноста на трудот во Русија, почнувајќи од 2009 година, расте приближно два пати побавно отколку реалните плати на населението. Единствен исклучок беше 2015 година, кога реалните плати се намалија за 9,1%, а продуктивноста на трудот за 2,2%“, се вели во материјалот.

Претходно беше соопштено дека просечната месечна плата во Русија во јули пораснала за 8,6 проценти, пренесува „Лента.ру“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња