Најбарана професија во Русија е инженерската

Главниот проблем на руските претпријатија е барањето специјалисти во инженерската област, изјави првиот човек на „Роструд“ Всеволод Вуколов.

„[Претпријатијата] не можат да најдат специјалист во инженерската гранка, не можат да најдат имено специјалист во сферата на производствениот блок. Затоа, се разбира, од моја гледна точка, неопходно е да се посвети внимание на подготовката на специјалисти токму во сферата на производството“, изјави Вуколов на Петербуршкиот меѓународен економски форум (ПМЕФ 2017).

Вуколов истакна дека главна задача во моментов претставува зголемувањето на ефикасноста на трудот. Во врска со тоа неопходно е да се врши преквалификација на луѓето од оние професии со кои е тешко да се најде работа. Тоа, на пример, се економистите и менаџерите.

Во април Министерството за труд на РФ ги наведе специјалностите кои ќе бидат најбарани во 2017 година. Меѓу најбараните професии се: правниците, лекарите, работници во IT-секторот, како и специјалисти во сферата на градбата, транспортот и индустријата. Работодавците почнаа почесто да одбиваат менаџери и бизнис административци, како и претенденти на раководни функции во бизнис структурите, пренесува „Лента.ру“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња