„На 4 мај примен во масоните“, напиша Александар Пушкин во својот дневник за 1821 година. „Бев масон во Кишиневската ложа“, ќе напише тој подоцна во писмо до Василиј Жуковски.
Пушкин дури негувал долг нокт на малиот прст и толку се плашел да не го скрши што навечер му ставал специјално капаче. Таков нокот бил неофицијален знак на масоните.
Ритуал на иницијација, 1805.
Public DomainЗвучи чудно, но освен зборовите на Пушкин, не се пронајдени никакви податоци за неговото масонство.
„Пушкин треба да биде протеран во Сибир: ја преплави Русија со скандалозни стихови, сите млади ги рецитираат напамет“, му рекол царот Александар на Егор Енгелхарт, директор на Царскоселскиот лицеј. Само благодарение на застапништвото на Николај Карамзин, егзилот во Сибир бил заменет со прогоноство, поточно со преместување во Кишинев, во канцеларијата на гувернерот на Бесарабија, генералот Иван Инзов.
Портрет на Василиј Лавович Пушкин, непознат уметник, масло на платно, 1810-тите.
Public domainРечиси сите значајни луѓе од најблискиот круг на Пушкин биле масони. Таткото на поетот Сергеј Лавович станал полноправен член на масонската ложа во 1817 година, а неговиот вујко Василиј Лавович во 1810 година, т.е. неколку години порано. Членовите на ложа биле и најблиските пријатели на Пушкин - поетот Петар Вјаземски и Василиј Жуковски. А самиот Пушкин не брзал да стане масон.
Спомен-домот на А. С. Пушкин во Кишинев, улица „Антон Пан“ бр.19.
TotalAnarchy (CC BY-SA 4.0)Во 1907 година Николај Кулман во книгата „За историјата на масонството во Русија“ изјавил: „Кишиневската ложа „Овидиј“ е основана на 7 јули 1821 година, а на 17 септември 1821 година, Големата ложа „Астреја“ (една на главните масонски организации во Руското царство во тоа време) „даде устав на новата ложа, отворена во Кишинев, во Бесарабија, под името „Овидиј“ и ѝ го додели бројот „25“.
Молдавскиот историчар на книжевноста Борис Трубецки во својата студија „Пушкин во Молдавија“ пишува: „Не е пронајден ниту еден документ што го потврдува приемот на А. С. Пушкин во Кишиневската ложа...“. Како можело да се случи Пушкин да рече дека е „прифатен во масоните“ во Кишинев уште пред основањето на ложата „Овидиj“?
Павел Сергеевич Пушчин
Public domainБорис Трубецки наведува дека членовите на идната ложа „Овидиј“ биле собрани од основачот на ложата Павел Пушчин, уште пред нејзиното основање, „и дека Пушкин бил примен во времето кога Пушчин, кажано со денешен јазик, ја формирал идната ложа“. Но, тоа е само претпоставка на Трубецки која не е заснована на никакви документи.
Николај Кулман правилно резонира кога вели: „Каква улога играл во неа (во ложата – уред.), тешко е да се каже, но малку е веројатно дека таа улога, поради природата на карактерот на Пушкин и краткиот век на самата ложа можела да биде значајна. Многу е веројатно Пушчин на почетокот да го поканил само како лаик“ (лаик во масонството е оној кој не е член на братството).
Дали е можно членството на Пушкин во ложата да било толку тајно што немало документи за тоа? Дури и да е така, сеедно тој не може да се смета за полноправен масон затоа што Кишиневската ложа „Овидиј“ никогаш не почнала да функционира.
Портрет на Иван Никитич Инзов, ателје на Џорџ Доу
ЕрмитажВладата ги надгледувала масонските организации, сомневајќи се дека подготвуваат заговор против неа. Гласините за постоењето на ложата „Овидиј“ и веројатноста Пушкин да е во неа стигнале и до императорот. Началникот на Главниот штаб, кнезот Петар Волконски, на 19 ноември 1821 година му напишал на генералот Инзов: „Што се однесува до г. Пушкин, исто така информирајте го Неговото царско височество во што се состојат неговите активности и што правеше откако ви е доделен, како се однесуваше и зошто не сте обрнале внимание на неговите активности во масонските ложи?“ На 1 декември Инзов им одговорил на своите претпоставени: „Чест ми е да му потврдам на Неговата светлост дека во Бесарабија нема масонски ложи“.
Инзов не го излажал Волконски. Борис Трубецки објаснува: „Иако ложата „Овидиј“ е одобрена со протоколот на Големата ложа „Астреја“, сепак не дошло до нејзиното таканаречено установување (т.е. формален прием во масонеријата на нови членови на Кишиневската ложа од страна на претставници на Големата ложа „Астреја“), бидејќи секоја нова ложа според статутот се сметала за неполноправна, а нејзините активности биле само привремени. А бидејќи до формирање на ложата „Овидиј“ не ни дошло, Инзов можел да напише дека во Кишинев не постојат масонски ложи“.
Спомен-домот на А. С. Пушкин во Кишинев
Adam Jones (CC BY-SA 2.0)И иако Големата ложа „Астреја“ на 20 јануари 1820 година ја известила Обединетата голема ложа на Англија (главната масонска организација во Англија) дека во Кишинев се основа ложата „Овидиј“, масонството во Русија не траело долго. Имено, на 1 август 1822 година рускиот император Александар I го потпишал преписот „За забраната на тајните друштва и масонските ложи“. После тоа активноста на масоните во Русија била речиси целосно запрена.
Нема ни податоци за некакви други масонски активности на Пушкин. Според тоа, дури и да имал големиот поет симпатии кон масоните, па дури и да сакал да се зачлени кај нив, тој не успеал да го стори тоа.
Меѓутоа, секако било многу популарно да се припаѓа на тајни друштва. Со тоа тогашниот маж се стекнувал со ореол на мистерија и важност. Пушкин не можел да го игнорира тоа и со задоволство ја поддржувал легендата за неговото масонство.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче