- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Во рамките на Ермитаж има и други згради. Тие се доградени на Зимскиот дворец и меѓусебно се поврзани со внатрешни премини и се состојат од:
– Мал Ермитаж,
– Голем (Стар) Ермитаж,
– Театар Ермитаж,
– Нов Ермитаж.
Заедно со Зимскиот дворец овие пет зданија го сочинуваат Главниот музејски комплекс.
На Ермитаж му припаѓаат и две згради кои не се поврзани ниту со Зимскиот дворец ниту со доградените корпуси. Тоа се Главниот штаб (на Дворцовиот плоштад отспротива на Зимскиот дворец) и Меншиковиот дворец (на Универзитетскиот кеј – оддалечен 1,5 км).
Историјатот на Ермитаж
Музејот го добил името по Малиот Ермитаж, кој порано се викал „Ермитаж“, а се наоѓа веднаш до Зимскиот дворец и бил изграден по наредба на Екатерина II. Таа го замислила како затскриено катче за нејзините забавни вечери или „мали ермитажи“ („ермитаж“ на француски значи „место на осаменост, ќелија, испосница“). Во него Екатерина ја чувала и својата колекција на уметнички дела.
Колекцијата на Ектеарина II растела од ден на ден, па со текот на времето се појавила потреба за нов простор. Така настанал Големиот Ермитаж. Подоцна, по наредба на царицата, на дворскиот архитектонски ансамбл бил додаден и театарот Ермитаж.
Потоа, во времето на Николај I, се појавил и Новиот Ермитаж. Тоа била првата музејска зграда во Русија и била изградена специјално за сместување на царските уметнички збирки.
Зимскиот дворец бил царска резиденција до Февруарската револуција во 1917 година, иако царското семејство уште од 1904 година живеело во Царско Село. Со одлука на Николај II во 1915 година дворецот бил преуреден во хируршка болница за војниците ранети на фронтовите во Првата светска војна. Од јули до октомври 1917 година, тоа било седиште на Привремената влада. По соборувањето на царот Николај II болшевиците ја демонитрале болницата и ги прогласиле Зимскиот дворец и Ермитаж за државни музеи.
Зимскиот дворец беше преименуван во Дворец на уметноста. Функционираше како уметнички историски музеј и во исто време како Музеј на Октомвриската револуција. Во 1945 година, „револуционерните“ експонати беа отстранети, а зградата на поранешната царска резиденција конечно стана дел од Ермитаж.