- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Ирина е родена на 30 март 1992 година во Москва. Нејзините родители немаат никаква врска со снимањето филмови. Нејзината мајка ја избрала професијата фризер, следејќи ја семејната традиција.
Екатерина Чеснокова / Sputnik
Веројатно Ирина поради тоа уште од детство експериментирала со својот изглед и фризурата.
Артјом Геодакјан / TASS
Девојката тајно фантазирала дека еден ден ќе добие улога во филм, а кога нејзината тетка Ана Старшенбаум станала позната актерка, Ирина исто така почнала да прави планови. Таа, мора да се признае, била малку скептична: „Далеку сум од она што го сакаат луѓето. За актерки се избираат само девојки кои народот може да ги засака“, изјави подоцна Ирина.
Вјачеслав Прокофјев / TASS
И бидејќи не одлучи што сака да биде во животот, се запиша на Московскиот универзитет за печатарска уметности на Факултетот за медиумски бизнис и односи со јавноста. Истовремено, за подобро да го разбере светот на филмот, посетуваше театарски курсеви и посетуваше психофизичка обука за глума.
Сергеј Пјатаков / Sputnik
Првиот чекор кон светот на филмот беше работата на телевизија. Ирина се вработи како водителка и паралелно учествуваше во неколку камерни театарски претстави.
Дебитираше со улога во проектот „Преселба“ („Переезд“), а речиси веднаш следеше „Црна вода“ („Черная вода“), хорор филм со атмосфера на руската зафрлена провинција. На актерката ѝ останаа многу непријатни впечатоци од снимањето на овој проект. Првиот ден се покажа дека Ирина се плаши од камерата, а згора на сé, голем дел од филмот беше снимен во студена вода во близина на Санкт Петербург.
Режисер Роман Каримов, 2015/АРТЛАЙТ
После тоа размислуваше да се откаже од својот сон за глума, но денес тој проект го смета за најважното „борбено искуство“ во филмот, во споредба со кое сите други искушенија изгледаат безначајно.
Набргу потоа Ирина ја доби главната улога во блокбастерот на рускиот режисер Фјодор Бондарчук „Сила на привлекување“ („Притяжение“). Оваа фантастична драма за тоа како брод со вонземјани слетува во станбен реон на Москва стана инстант хит. Филмот заработи повеќе од милијарда рубли, беше прикажуван во земјите на Заедницата на независни држави и Азија, а актерите веднаш станаа познати личности.
Евгениј Бијатов / Sputnik
Ирина почна да излегува со колега од снимањето, актерот Александар Петров. Тие глумеа заедно во неколку други блокбастер филмови, вклучувајќи ги „Мраз“ и „T-34“. Иако двојката најавуваше свршувачка, венчавка немаше и тие се разделија во 2019 година. Оттогаш Ирина не открива детали за нејзиниот личен живот. Во сите нејзини интервјуа тоа е табу тема.
режисер Фјодор Бондарчук, 2019/Филмска компанија „Водород“
Ирина прифаќа многу различни проекти: блокбастери, еротски серии („Спонзоруши“, рус. „Содержанки“, за кои Amazon Prime ги купи правата), камерни проекти и филмски адаптации „Студентски дом“ („Обшага“). Во последново Ирина ја игра првата советска феминистка, независна студентка што се пробива низ животот во 1980-тите. Оваа улога ѝ ја понуди Роман Васјанов, руски режисер кој претходно работеше во Холивуд.
режисер Мајкл Винтерботом, 2023/Bartlebyfilm
Првата главна улога на руската актерка на англиски јазик е „Шошана“ на Мајкл Винтерботом, чија премиера ќе биде оваа година. Во актерската екипа се и британските ѕвезди Даглас Бут и Хари Мелинг. За овој проект Ирина мораше да научи хебрејски бидејќи во филмот имаше многу сцени во кои нејзината хероина зборува на хебрејски.
Jemal Countess / Getty Images
Винтерботом ја забележал Ирина во филмот „Лето“ на Кирил Серебреников, кој беше претставен на Канскиот филмски фестивал во 2018 година. „Неговиот продуцент ми напиша писмо и ме замоли да му испратам линк за некој од неговите нови филмови. Потоа разговаравме преку „Зум“ и Мајкл ми рече: „Ирина, сакам да ви го предложам ова сценарио“. Го прочитав и се воодушевив. Тоа е најнеобичното сценарио во мојот живот!“, раскажува Старшенбаум.
Andreas Rentz / Getty Images
Меѓутоа, овој проект не е нејзин прв странски филм. Заедно со Настасја Кински глумеше во антологијата „Темни сателити“ (Dark Satellites) базирана на делата на германскиот писател Клеменс Мајер.
Andreas Rentz / Getty Images
Во моментов во фаза на постпродукција е научнофантастичниот филм „The Primary Talent“ („Примарен талент“), во кој покрај Ирина глумат Џанкарло Џанини и Јан Бијвоет. Тоа е приказна за актер и детектив кои заедно откриваат случај на мистериозно убиство.