Булатов почнува да црта доста рано, на шестгодишна возраст кога се обидува да направи илустрации за делото на Пушкин „Руслан и Људмила“. Штом таткото ги видел тие цртежи, му станува јасно дека неговиот син ќе стане уметник. Така, Ерик Булатов нема проблеми со изборот на професијата. Учи од Владимир Фаворски и Роберт Фалк, кои прилично влијаат на неговиот стил. Едно од раните дела на Булатов „Пресек“, на прв поглед се перципира како оптичка илузија, но кога ќе се погледне повнимателно, се забележува длабочината на сликата и светлината што доаѓа одвнатре.
„Пресек“, 1965-1966
Третјаковска галеријаТемите му ги сугерира самиот живот. Така, еднаш во еден санаториум на Крим, каде што одел на физикална терапија, се обидел да погледне во морето, но црвената греда го спречила во тоа. И колку и да се обидувал да го смени аголот на гледање, не вредело. Тогаш доаѓа до идеја да направи слика на која ќе употреби наводно природен ограничувач кој го покрива најважното. Така е создадена „Хоризонт“, слика на која ведриот морски пејзаж го нарушува патека од црвен тепих која го затскрива видикот.
„Хоризoнт“, 1971-1972
Музеј на авангардна уметност МАГМАЗаедно со другите денес познати сликари Иљја Кабаков и Олег Васиљев, Булатов работи на илустрации на книги. Тој ги илустрира бајките на Шарл Перо и расказите на Борис Заходер, Сергеј Михалков и Хенрих Салгир, Селма Лагерлеф и браќата Грим. Благодарение на таквиот начин на работа (едната половина од годината за издавачот, а другата за себе), има време за креативни истражувања.
„Чудесното патување на Нилс со дивите гуски“, 1978.
Олег Васильев/«Малыш», 1978Во 1970-тите почнува да комбинира пејзажи со натписи на плакати. Еден од најизразените примери е „Слава му на КПСС“. Самиот Булат го смета за едно од неговите главни дела од советскиот период. Огромните црвени букви буквално се „борат“ со идиличниот пејзаж, затворајќи го светот на слободата. Во 2008 година делото беше продадено за 1,08 милиони фунти на аукција на „Филипс“. Во 2003 година уметникот направи авторска копија која се чува во збирката на Центарот „Помпиду“ во Париз.
„Слава му на КПСС“, 1975.
Приватна збиркаИзложувањето на неофицијална уметност во Советскиот Сојуз беше комплицирано. На пример, изложбата на Булатов во Институтот „Курчатов“ беше отворена само еден час, по што беше забранета. Но, затоа во странство се заинтересираа за работата на овој уметник и ги бараа неговите дела за изложби. Министерството за култура на неразбирливата уметност ѝ ја прикачи етикетата „без уметничка вредност“ и сликите се испраќаа на изложби во галерии во странство.
Во тоа време уметникот продолжи да експериментира, во неговите хиперреалистични пејзажи се појавија „бариери“ кои го попречуваа движењето и видот. Така, во „Улицата „Красикова“ има огромен плакат на Ленин на сред пат, а дали зад него има пат или не е нејасно.
„Улица „Красикова“, 1977.
Музеј „Зимерли“, универзитет „Рутгерс“, Њу ЏерсиИронијата на уметникот често се зема здраво за готово. Така беше, на пример, со сликата „Советски космос“. Сепак, портретот на генералниот секретар на партијата Брежнев, како ореол опкружен со знамињата на сојузните републики, беше забранет. Самиот Булатов велеше дека на таа слика се обидел да привлече внимание врз абнормалноста на животот која повеќето ја сфаќаа како нешто нормално.
„Брежнев. Советски космос“, 1977.
Музеј на авангардна уметност МАГМАВо делата на Булатов неретко се среќаваат референци на други автори. На пример, „Вратата е отворена“ претставува омаж на Веласкез. А „Облаци што се разидуваат“ потсетува на фотографијата на Александар Родченко, снимена во Пушкино. Во неа од истиот агол се насликани борови. Шумскиот пејзаж на Булатов не е придружен со натписи, меѓутоа, работата не е ништо помалку вознемирувачка. Устремените врвови на боровите предизвикуваат чувство на претстојна опасност. А сепак, сликата ве тера на размислување: што е руската идеја денес?
„Облаци што се разидуваат“, 1982-1987
Руски музејУметникот се стекна со признание во странство кон крајот на осумдесеттите години на минатиот век. Неговите изложби се одржаа во Центарот „Помпиду“ и „Кунстхале“ во Цирих. Заедно со сопругата Наталија отиде во Њујорк, а потоа во Париз, каде што живее и денес. Тој нагласува дека не емигрирал, туку едноставно го сменил местото каде што работи. Своите размислувања за интеракцијата со уметноста ги отелотвори во сликата „Лувр. Ѓоконда“, само што овде има забележлива граница меѓу посетителите и ремек-делото на Да Винчи.
„Лувр. Ѓоконда“, 1997-1998
Приватна колекцијаУметникот го нарекува рускиот класик од XIX век Александар Иванов најважниот руски сликар. Неговото ремек дело „Благовештението Христово на народот“ во Третјаковската галерија, според Булатов, е компонирано така што се добива впечаток дека секогаш има некој пред сликата, а самото платно ги голта сите. Во 2011 година Булатов реши да ја преиспита програмската слика на Иванов и го создаде делото „Слика и набљудувачи“. На неa посетителите во галеријата се мешаат со луѓето на платното кои го набљудуваат доаѓањето на Спасителот и гледаат во Јован Крстител. Границата меѓу уметноста и реалноста се губи.
„Слика и набљудувачи“, 2011-2013
Третјаковска галеријаВо уметничкиот центар The Foundry на југот на Франција ателјето на Ерик Булатов беше меѓу првите што се појавија. Уметникот овде смести неколку свои дела. Не зборуваме за слики туку за големи уметнички објекти. Меѓу нив се Exit и „Не е сé толку страшно“. Буквите со големина од два метри се издигнуваат на четири нивоа, исполнувајќи го целиот простор, а ги облева светлината што доаѓа од покривните прозорци. Работата ненамерно предизвикува нервоза, но и надеж дека сé ќе биде во ред.
„Не е сé толку страшно“, 2016.
Во сопственост на уметникотПри користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче