- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Елена Мрозовскаја започнува како фотограф-аматер, бидејќи работи како учителка и продавачка. Во 1892 година го завршува новоотворениот курс за фотографија во Императорското руско техничко друштво, по што заминува да се усовршува – директно во Париз. Нејзин учител таму е познатиот фотограф Феликс Надар.
Биографијата на оваа жена е многу слабо проучена. Скудните информации говорат дека нејзиното моминско презиме било Књажевич и дека има црногорско потекло. Не е познат и точниот датум на нејзиното раѓање. Била трговец од втор еснаф, додека нејзиниот сопруг бил инженер-технолог во шумарската индустрија.
Во 1894 година Мрозовска станува првата жена што отворила сопствено фотографско ателје во Санкт Петербург – и тоа во центарот на градот на „Невски проспект“ бр. 20, на само неколку минути пеш од фотографското ателје на познатиот Карл Була.
Јавен домен
Ателјето на Мрозовскаја било мошне популарно место во Петербург. Во текот на низа години во ателјето на Мрозовскаја се направени портрети на членови на царското семејство и претставници на кнежевски семејства, угледни актери и на целата тогашна музичка елита од тоа време. Ова е композиторот Николај-Римски Корсаков, а на задната страна од неговиот портрет може да се види знакот на ателјето на Мрозовскаја.
Елена Мрозовская
А ова, на пример, е познатата балерина Матилда Кшешинска, во која Николај II бил вљубен во младоста. На многу фотографии таа позира во костими од претставите во кои настапувала.
Елена Мрозовская
Елена Мрозовская
Мрозовскаја прави и неколку десетици портрети на познатата актерка Вера Комисаржевскаја, исто така во костимите за улогите што ги играла.
Елена Мрозовская
Елена Мрозовская
Мрозовскаја фотографира и режисери, на пример, славниот Станиславски.
Елена Мрозовская
Пред нејзиниот објектив позира и хемичарот Дмитриј Менделеев.
Елена Мрозовская
„...ателјето на Мрозовскаја,
каде што портрети на високото благородништво има,
и Северјанин меѓу нив“ – запишал авангардниот поет Игор Северјанин во својот роман во стихови „Леандровото пијано“, во кој прикажува цела панорама на културниот живот на Петербург.
Елена Мрозовская
Елена Мрозовскаја во 1896 година прави низа најрани фотографии на Санктпетербуршкиот музички конзерваториум. Таа е официјален фотограф не само на конзерваториумот, туку и на Императорското музичко друштво.
Елена Мрозовская
Во 1903 година Мрозовскаја ја има таа чест да се најде меѓу фотографите на царскиот костимиран бал во Зимскиот дворец. Меѓу другото, таа ги овековечува великиот кнез Константин Константинович и кнегињата Олга Орлова.
Елена Мрозовская
Патем, Мрозовскаја го фотографира великиот кнез Константин и во друга пригода – со семејството.
Елена Мрозовская
Прави и негов портрет на кој тој се потпишува.
Елена Мрозовская
Додека портретот на кнегињата Олга Орлова со кокошник се смета за една од најпознатите фотографии на Елена Мрозовскаја.
Елена Мрозовская
Масовно е позната и обоената фотографија „Портрет на девојче во малоруска носија“.
Елена Мрозовская
Делата на Мрозовскаја учествуваат на големи меѓународни изложби, таа е добитник на награди и признанија. Нејзиниот талент е високо ценет и од нејзините колеги. На пример, пионерот на колор-фотографијата, познатиот Сергеј Прокудин-Горски, се восхитува како Мрозовскаја непрекинато ја усовршува својата умешност, излегувајќи надвор од правилата и каноните, притоа постојано проучувајќи го човекот и движењето.
Откако присуствува на прославата на 15-годишнината од ателјето на Мрозовскаја, во 1909 година Прокудин-Горски ги изнесува своите впечатоци во статијата на уредникот на списанието „Фотограф-аматер“:
„Кога се гледаат делата на Мрозовскаја кои во изобилство го красат нејзиното ателје, човек мора да го забележи нејзиното неуморно тежнеење да го пренесе на речиси секоја снимка живото човечкото движење, што во некои случаи е многу тешко остварливо, понекогаш на сметка на техничката страна на работата“.
По револуцијата ателјето на Морозовскаја е затворено, а таа се сели во викендичка надвор од градот. Не се знае многу за нејзината понатамошна судбина. Извесно е само дека починала во бањската населба Куокала (денешно Репино) кај Петербург во 1941 година.
Елена Мрозовская
Денес фотографиите на Мрозовскаја се чуваат во Ермитаж, Петербуршкиот конзерваториум и други музеи и државни архиви.