Како Прокудин-Горски ја овековечи царска Русија на фотографии ВО БОЈА

Сергеј Прокудин-Горски
Сергеј Прокудин-Горски (1863-1944) направи вистинска револуција во областа на фотографијата. Тој е првиот во Русија кој правеше фотографии во боја, а во исто време измисли нови методи со кои луѓето на сликите „оживеаја“.

Хемичар и фотограф

Прокудин-Горски потекнува од стар благороднички род. Пред револуцијата од 1917 година живее во Санкт Петербург, каде сериозно се занимава со хемија, физика и сликарство. Почнува да експериментира и со фотографии, бидејќи тоа кон крајот на XIX век во Русија е популарно (еден од најпознатите фотографи бил Карл Була). Извесно време Прокудин-Горски е на обука во Германија кај Адолф Мите, пионер на фотографијата во боја, а потоа прави и сопствен фотоапарат за фотографии во боја.

Во таа работа го применува и своето знаење од хемија. Имено, тој прави и патентира плочи кои се почувствителни на светлина, што му овозможило да го забрза процесот на фотографирање, со пократка експозиција. За секоја фотографија прави по три негативи и потоа ги поминува низ три филтри по ред - син, зелен и црвен (затоа на рабовите на неговите фотографии често се гледаат овие бои, што е последица на филтрирањето).

Фото-хроника на цела империја

Наследството на Прокудин-Горски се вбројува во една од најголемите колекции на фотографии од периодот на царска Русија. Тоа е вредно не само поради фотографиите во боја, туку и поради фактот што тие се и географски и тематски сеопфатни. Имено, од 1903 до 1916 година, фотографот неуморно патува низ целата империја, фотографирајќи ги Кавказ и Туркестан, Петербург и Урал, Рускиот север и регионот на Волга. Неговите снимки вклучуваат и стари храмови и тогашните најсовремени индустриски објекти, и портрети на познати луѓе, и сцени од секојдневниот живот на обичните луѓе и многу повеќе.

Нему му припаѓа и колекцијата фотографии на најважните знаменитости на Руската империја. На неговата работа обрнува внимание и царот Николај II, кој потоа му сугерира на Прокудин-Горски да го овековечи животот на империјата во сите негови манифестации и со царски декрет му доделува специјално опремен железнички вагон. Во тој вагон фотографот патува по цела Русија, во него ги развива фотографиите и составува албумите. На реките му ставаат на располагање специјални парабродови и моторни чамци, а на други места дури и автомобили, кои во тоа време се реткост.

Се смета дека во колекцијата на Прокудин-Горски имало околу 3.500 снимки, а зачувани се само 1902. Дел од збирката исчезнала по револуцијата. Прокудин-Горски успеал да извезе дел од фотографиите кога емигрирал во Франција, но болшевиците ставиле забрана за изнесување од земјата на околу илјада фотографии, бидејќи тие фотографии биле од стратешко значење. Потоа беа изгубени уште околу 400 негативи во Франција. Наследниците на рускиот фотограф ја продале колекцијата на САД во 1948 година и сега се чува во Конгресната библиотека. На почетокот на XXI век колекцијата беше дигитализирана, ставена на интернет и јавно достапна.

Ова се само дел од неговите познати сцени.

Луѓе и народи на Руската империја

Лав Толстој во Јасна Полјана, 1908.

Селски девојки во село близу Вологда

Девојка со шумски јагоди

Екипажот на паробродот „Шексна“ (на реката Витегра)

Стругари на реката Свир кај Петербург

Селски деца во Белозерск

Селани на жетва

Ручек на косидба (река Шексна)

Надзорник на Староладошкиот канал близу Петербург

Градители на пруга

На дресина кај Петрозаводск

Прокудин-Горски со двајца Кавкасци од обезбедување на пруга

Девојки-сираци

Бухарскиот емир

Продавач на лепчиња во Самарканд

Лезгинец во Дагестан

Аварки, Дагестан

Караван со памук во Туркестан

Грузијки во празнична носија

Храмови

Храмот „Спас на Крвта“ во Санкт Петербург

Нило-Столобенскиот манастир на езерото Селигер

Детаљ од Дмитриевскиот храм во градот Владимир

Влезот во храмот „Јован Претеча“ во Јарославл

Храмот „Св. Троица“ во Осташково

Соловецкиот манастир

Иконостасот во Бородинскиот храм, Московска област

Влезот во храмот „Воскресение Христово“, Кострома

Оградата на портата на храмот „Св. Георгиј“ (во Староладошката тврдина кај Петербург)

Градови и пејзажи

Поранешниот дворец на великите кнезови, денес Архијерејскиот двор во Рјазан

Можајск

Уралска колиба

Некрополата на Шахи Зинд во Самарканд

Парна локомотива „Компаунд“ со Шмитов прегревач на пареа, Перм

Перм

Чуваркуќа на Урал

Тип на капија на преводницата на Белозерскиот канал

Карпата „Камен Заплотни“ на реката Чусоваја (Урал)

Логорување близу карпа на реката Чусоваја

На Сајменскиот канал (меѓу Русија и Финска)

Зајдисонце на реката Свир

Преводница на Староладошкиот канал близу Петербург

Железнички мост на реката Кама во Перм

Устието на реката Кем, Карелија

Погледнете го и ова: Американскиот фотограф и историчар на архитектура Вилијам Брамфилд од 1970-тите ги фотографира местата кои ги овековечил и Прокудин-Горски. На нашиот сајт во рубриката Патувања се наоѓаат текстови во кои тој ги споредува фотографиите на разни знаменитости и храмови.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња