Љубовницата на Романов: Која е таа и зошто нивната врска е толку мистериозна?

Руската балерина Матилда Кшесинскаja, 1890-те години.

Руската балерина Матилда Кшесинскаja, 1890-те години.

Википедија
Првата страст на Николај Втори, балерината Матилда Кшесинскаја, продолжува да биде предмет на многу дебати: Има ли дете од императорот, како што тврдат некои луѓе?

Една единствена средба станува почетокот на приказна која продолжува да предизвикува контроверзии 120 години подоцна. Таа се случува пролетта 1890 година, кога кралското семејство на Русија присуствува на завршувањето на генерацијата во познатата императорски балетски школа во Санкт Петербург. 

Император Александар Трети лично му претставува една од ученичките на училиштето, Матилда Кшесинскаја, на својот син, чија абдикација подоцна ќе го прекине управувањето на династијата Романови. Се смета дека Александар Трети веројатно ја организирал средбата, за да се расположи младиот наследник, и му претставува на идниот цар потенцијален предмет на љубовен интерес.

Матилда Ксешинскаја

Постоела практика во кралското семејство, која дозволува ерген-наследник и неговите браќа да се среќаваат со актерки и балерини пред бракот, за да добијат некакви сексуални искуства“, вели за Russiа Beyond Владислав Аксјонов, виш истражувач на Институтот за руска историја.

Приемчивиот наследник е восхитен по разговорат со Матилда, а неговата љубов кон неа само се засилува, откако бил испратен на Исток на една година. 

„Малата К“ 

Две долги години по нивната средба наследникот се обидува повторно да ја разгори искрата со балерината. Тој ѝ испраќа довереник на Матилда и бара таа да му прати своја слика. Таа е среќна кога дознава дека Николај не ја заборавил по толку време и очигледно сфаќа дека има некакво влијание врз идниот император. 

Не можам да го опишам она што се случи со мене кога пристигнав дома. Не можев да јадам и избегав во соба; плачев и срцето ме болеше толку многу. За прв пат почувствував дека ова не е само занес, како што си мислев претходно, ами дека го сакам идниот цар лудо и длабоко и никогаш нема да можам да го заборавам“, пишува Кшесинскаја во својот дневник, откако двајцата конечно се среќаваат во театарот во јануари 1892 година. 

Николај Романов и Матилда Ксешинскаја

Мислите на принцот се исто толку опседнати со балерината. Неговите зимски дневници од 1892 до 1893 година се полни со кратки, но шармантни приказни за нивните чести средби, во кои Николај нежно ја нарекува Кшесинскаја „Малата К“.

Љубовта брзо ги исполнува нивните млади срца и наскоро Николај посакува Матилда да ја изнесе од куќата на родителите во новиот дворец што го купува за неа. Таткото на балерината отпрвин е против, но подоцна се повлекува пред желбата на својата ќерка и таа се преселува во куќата каде што може да се среќава со принцот непречено. 

Незаконско дете 

25 јануари, 1893. Понеделник. Вечерта отидов кај мојата М.К. и ја поминав најубавата вечер со неа досега. Импресиониран сум – перото ми трепери во мојата рака“, забележува Николај по една од нивните средби. Оваа белешка во дневникот подоцна дава причина да се претпостави постоењето на незаконско дете, ако е вистина, а тоа би било единствениот потомок на последниот руски император кој ја преживеал Револуцијата. 

Навистина, новородено дете се појавува во семејството на Матилда, но многу подоцна, во 1911 година, и тоа е на нејзиниот брат Јосиф Кшесински. 

Детето, наречено Целина, останува во Русија по Револуцијата и раѓа момче кое подоцна ќе стане успешен политичар, кандидат за градоначалник на Санкт Петербург. Нејзиниот внук Константин Севенард во моментов си има поставено задача да ја убеди руската јавност дека е директен наследник на последниот руски император. 

Севенард вели дека верува дека новороденото дете е на Николај и Матилда, но е посвоенo од нејзиниот брат, за да се задржи семејната тајна, бидејќи тогаш императорот веќе бил женет. 

Матилда и нејзиниот брат Јосиф

Ако Матилда родила дете на Николај Втори, императорот и судот би знаеле за тоа. Матилда била многу амбициозна жена која знаела што сака и секогаш ги користела врските ефикасно. Ако имала таков адут како императорско дете, без сомнение ќе го искористела, без оглед на последиците“, вели историчарот Аксјонов во разговор со RB, оспорувајќи го барањето на кандидатот за наследник. 

Всушност, историчарите се согласуваат дека Николај Втори бил пример за татко на семејството, како што е прикажано во неговите дневници. Освен за овој став за самоанализа: 

„Многу чуден феномен кој го забележувам кај себе: никогаш не сум мислел дека две идентични чувства, две љубови истовремено, можат да бидат компатибилни во една душа“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња