- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Нивната специфичност е квадратната форма и тоа со строго пропишани димензии. Како настанала?
Артјом Геодакјан / TASS
Марамите дошле во Русија од Исток и првично биле правоаголни (како денешните шамии). Руските мануфактури од тоа време ги произведувале рачно, при што ги ткаеле од свила, така што можеле да ги купат само имашливите дами. Постепено, таквите шамии станале модерни во благородничкиот и трговскиот сталеж, станувајќи сé повеќе и повеќе барани, така што имало сé повеќе и повеќе производители. Производителите од Павловски Посад одлучиле да ја надминат конкуренцијата и да започнат да произведуваат поевтини волнени марами со печатен, а не со ткаен дезен. Ако се погледнете шарата, може да се види дека мотивот се повторува симетрично. Цртежот се нанесувал со помош на специјални дрвени калапи, така што големините биле стандардизирани. Така павлопосадската марама станала поевтина и достапна дури и за селанките (додуша, само за побогатите).
Григориј Сисоев / Sputnik
Денес шарите се нанесуваат со ласер, а ако мотивот е многу комплициран, тогаш и рачно. Сепак, основната боја на марамата може да се види дури на крајот од работата, по обработката со пареа, која ги стабилизира боите.
Патем, позадината била исклучиво црна, бела и беж, а сите други бои се појавиле дури во XX век.