Императорската фабрика за порцелан, 1904.
Public domainДодека во Европа висока вредност имаат Мајсенскиот, Лимошкиот и Бохемија порцеланот, во Русија високо се ценат сервисите на Импеаторската фабрика за порцелан.
Фабриката е основана во 1744 година како „Невска порцеланска мануфактура“. Рускиот хемичар Дмитриј Виноградов успева за неколку години да го организира целиот синџир на производство, т.е. да ги формира составот на порцеланска маса, глазурата и боите за порцеланот, како и златниот прав за декорација на производите.
Раскошен порцелан со позлата во стилот ампир. Неговите декоративни мотиви и форми потекнуваат од антиката, особено од раното Римско царство. Уметник на Императорската фабрика за порцелан.
Уметнички музеј „Волтерс“Првите успешни примероци ги добил во 1747 година, а во 1756 година направил порцелански сервис за свечените ручеци на царицата Елисавета Петровна, а во 1765 година мануфактурата го добила новото име „Императорска фабрика за порцелан“.
Долго време на долната страна на порцеланските производи можело да се види монограмот на владејачкиот монарх, а сега на тоа место има двоглав орел.
Зградата на Павлопосадската мануфактура за шалови.
Екатерина Рерберг/SputnikВолнен шал со живописен цветен дезен не е само убав, туку и практичен моден детаљ кој ќе ве стопли на силен студ.
Најпознатите руски шалови се прават во Павлопосадската мануфактура, основана во 1795 година врз основа на домашното производство на свилени шалови. Во 1850-тите почнале да се произведуваат волнени и шалови со мешавина од други влакна на печатена ткаенина. Секој шал е уникат.
Дезен на павлопосадски шал.
Екатерина Рерберг/SputnikКласичните бои на павлопосадските шалови се црна, бордо и бои на небелен лен. Подоцна палетата била проширена. Најчесто на шаловите се прикажува цвеќе (рози и далии) во букет или венци со додаток на орнаменти или цветни елементи. Секој шал има име, на пример „Посело“, „Малиот жерав“, „Пурпурно цветче“ или „Бели рози“.
Павилјонот „Партнерство А. И. Абрикосов и синовите“ на Серуската уметничко-индустриска изложба 1882, Москва.
Public domainНа секое руско дете му запира здивот кога отвора чоколадна бонбона „Мишка Косолапи“ или „Белочка“. Како и чоколадите „Вдохновение“ и „Бабаевски“, сето тоа е направено од „Кондиторскиот концерн Бабаевски “ (дел од холдингот „Обединети кондитори“).
Историјатот на фабриката започнува во 1804 година, кога кондиторите Абрикосови ја отвориле својата семејна слаткарница. На децата им се допаднале нивните чоколадни бонбони во прекрасни кутивчиња со разгледници и мозгалки. Со текот на времето, тие станале еден од задолжителните атрибути на секој празник.
Чоколади „Бабаевски“ во продавница „Пјаторочка“.
Егор АлеевПретпријатието е национализирано по револуцијата во 1917 година и го доби името по партискиот работник Петар Бабаев. Таму продолжи производството на чоколадни производи.
Фабриката „Црвениот октомври“, 1920-ти.
Public domainНајпознатата руска фабрика за чоколади се појавила благодарение на кондиторот Теодор Фердинанд фон Ајнем, граѓанин на Виртемберг (историска област во Германија). Во 1851 година во Москва била отворена неговата слаткарница за правење бонбони и чоколади. Оттаму бонбоните стигнувале на трпезата на царското семејство. По Октомвриската револуција, фабриката е национализирана и набрзо преименувана во „Црвениот октомври“.
Чоколади „Аљонка“ во фабриката „Црвениот октомври“, Москва.
Виталиј Белоусов/SputnikМеѓу најпознатите брендови на оваа фабрика се чоколадите „Аљонка“, „Црвенкапа“ („Красная шапочка“), „Ракчиња“ („Раковые шейки“) и „Кара-Кум“. Во фабриката се правени и бонбони по повод значајни настани. По повод првиот лет на човекот во вселената, се појавија бонбоните „Космички“, а за Олимпијадата во 1980 година бонбоните „Финиш“, „Одбојка“ и „Светлата на Москва“. Од 2002 година претпријатието функционира во рамките на холдингот „Обединети кондитори“.
Тулската фабрика за оружје, 1912.
Списание „Нева“, № 23, 1912Најстарата фабрика за оружје во земјата е основана во 1712 година по указ на Петар I. Фабриката уште во 1720 година направила 22.000 пушки и пиштоли со ударна игла на кремен за потребите на вооружување на армијата. Потоа во 1749 година започнало масовно производство на ладно оружје, т.е. на ками, сабји и мечеви.
Императорската тулска фабрика за оружје
Императорский Тульский оружейный заводПодоцна во нејзините погони се произведувани митралези „Максим“, пиштоли ТТ, пушки „Мосин“, противтенковски наведувани ракети и фрлачи на гранати.
Освен оружје, овде се изработуваат уникатни уметнички предмети со брусени дијаманти на метал.
Ижевската фабрика за оружје и Ижевската железара.
Public domainОва претпријатие во Ижевск произведува околу 95% од огненото оружје во Русија. Неговата историја започнува во 1807 година, кога на база на урната железара на реката Иж е отворена Ижевската фабрика за оружје. Во тоа време биле ангажирани над 200 странски стручњаци кај кои руските работници го учеле својот занает. Така, во Ижевск започнало производството на огнено и ладно оружје за руската армија.
Електричен мотоцикл за единиците на сообраќајната полиција на концернот „Калашников“, на презентација на нови проекти.
Михаил Воскресенски/SputnikНа стручњаците на оваа фабрика во 1948 година им се придружи конструкторот Михаил Калашников. Набргу потоа овде започна масовно производство на автоматски пушки „Калашников“. Во 2013 година фабриката беше преименувана во „Концерн „Калашников“.
Најпознатиот производител на пенливи вина во Русија постои благодарение на императорот Александар II, кој во 1870 година наредил да се основа винарија во близина на езерото Абрау на реката Дјурсо (Цемес).
Агрономот Фјодор Гејдук закупил винова лоза во Европа, така што во 1877 година агрономите на ова стопанство ја извршиле првата берба од која го направиле првото локално вино. Веќе во 1898 година во продажба се појавил локален шампањ. Пенливите вина „Абрау Дјурсо“ се продавале на царски приеми.
Брут шампањ „Абрау Дјурсо“.
Karachun (CC BY-SA 3.0)По револуцијата и национализацијата фабриката стана единственото стопанство во СССР што произведува пенливи вина според класична технологија. За време на Втората светска војна лозовите насади беа мошне оштетени и фабриката беше евакуирана, но по ослободувањето на територијата релативно брзо беше повторно пуштена во употреба.
Овде во 1975 година беше создаден брендот „Советски шампањ“ за извоз под името Nazdorovya. Пенливото вино се извезуваше во Европа, САД, Мексико и други земји.
Во постсоветскиот период фабриката пропадна, но доживеа препород кога беше откупена од компанијата SVL. Сега лозовите насади зафаќаат над 3.000 хектари. Населбата Абрау Дјурсо сега е голем еногастрономски центар.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче