20 мудри цитати на руски писатели

Култура
АЛЕКСАНДРА ГУЗЕВА
На авторите на класичните руски романи не им било непознато впуштањето во филозофски размислувања. Затоа денес знаеме што мислеле за смислата на животот, душата, работата и љубовта!

1. Навиката ни е одозгора дадена:

   Таа е замена за среќата.

Александар Пушкин. Евгениј Онегин

2. Сите други ги третираме како нули

    А себеси како единици.

Александар Пушкин. Евгениј Онегин

3. Русинот има еден непријател – непомирлив, опасен, без кого би бил вистински џин. А тој непријател е мрзеливоста.

Николај Гогољ. Од писмото до К. С. Аксаков, 1841.

4. Човекот е несреќен затоа што не знае дека е среќен - само поради тоа. И тоа важи за сите, без исклучок! Кој ќе го дознае тоа, веднаш ќе стане среќен, истиот момент.

Фјодор Достоевски. Бесови

5. Ако сакаш да го победиш целиот свет, победи се себеси.

Фјодор Достоевски. Бесови

6. Човекот е суштество кое се навикнува на сé, и мислам дека тоа е неговата најдобра дефиниција.

Фјодор Достоевски. Записи од мртвиот дом

7. Секој човек, за да дејствува, мора да ја доживува своето делување како важно и добро.

Лав Толстој. Воскресение

8. Копајќи по својата душа, често ископуваме и такви работи кои инаку би останале незабележани.

Лав Толстој. Ана Каренина

9. Сите среќни семејства личат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин.

Лав Толстој. Ана Каренина

10. Во мојот живот знам само за две вистински несреќи – за грижата на совеста и болест. А среќата се состои само во отсуство на тие две зла.

Лав Толстој. Војна и мир

11. Не станува збор за песимизам ниту за оптимизам, туку за тоа дека деведесет и деветмина од сто немаат мозок.

Антон Чехов. Дамата со кученцето

12. Тешко е да се разбере човечката душа, а уште потешко е да се разбере сопствената.

Антон Чехов. Драма на лов

13. Нема ништо полошо од тоа кога знаеш туѓа тајна а не можеш да помогнеш.

Антон Чехов. Вујко Вања

14. Кога работата е задоволство, животот е убав! Кога работата е обврска, животот е ропство!

Максим Горки. На дното

15. Ми се чини дека во расправа уживаат само несреќните луѓе, на кои ништо не им оди од рака. Среќните живеат молчаливо.

Максим Горки. Животот на Клим Самгин

16. Промената на амбиентот е традиционална заблуда на која се надеваат љубовта на издишување и неизлечивата туберкулоза.

Владимир Набоков. Лолита

17. Човек е зборлив кога нема што да каже. Многу долги делници се случуваат поради недостаток на мисла и чувство.

Андреј Платонов. Сомничавиот Макар

18. Најмногу сакам да бидам сам, но блиску до некого...

Сергеј Довлатов. Куфер

19. На човека парите му требаат за никогаш да не размислува за нив...

Браќа Стругацки. Пикник покрај патот

20. По предавничка постапка, душата секоја неочекувана ситуација ја доживува како почеток на заслужената казна.

Фазил Искандер. Питони и зајачиња