Марк Твен
AP1. Марк Твен, американски писател од XIX век
Марк Твен
AP„Америка многу ѝ должи на Русија; должник ѝ е на многу начини; а особено за нејзиното непоколебливо пријателство во времето на нејзините најголеми потреби. Се молиме со надеж истото пријателство да продолжи и во времето што доаѓа; дека е, и ќе ѝ биде благодарна на Русија и на нејзиниот Суверен за тоа, многу добро знаеме; дека ќе биде предавство да се верува дека таа еден ден ќе го изневери тоа пријателство со каков било смислена, неправедна и нечесна постапка“.
(Од писмото на Марк Твен до царот Александар II)
2. Винстон Черчил, премиер на Велика Британија (1940-1945; 1951-1955)
Винстон Черчил
AP„Не можам да предвидам како ќе постапи Русија. Тоа е загатка, замотана во мистерија внатре во енигма, но можеби постои клуч за нејзиното решавање. Тој клуч се руските национални интереси“.
(Во радио-емисија, октомври 1939)
3. Шарл де Гол, претседател на Франција (1959-1969)
Шарл де Гол
ZUMA Press/Global Look Press„Рускиот народ никогаш нема да биде среќен ако знае дека некаде постои неправда“.
Џорџ Бернард Шо
Scherl/Global Look Press„Ја напуштам земјата на надежта и се враќам во земјата на очајот (...) Мачење е да се вратите во капитализам. Кога сте го виделе болшевизмот од прва рака, нема сомнение дека капитализмот е осуден на пропаст“.
(На прошталната вечера во Москва)
5) Ото фон Бизмарк, првиот канцелар на обединетото Германско царство (1871-1890)
Ото фон Бизмарк
Scherl/Global Look Press„Дури ни најповолниот крај на војната никогаш не завршува со уништување на главниот центар на моќта во Русија, кој се базира н милиони Руси од грчка (православна) вера. Дури и ако ги поделите со мировен договор, тие ќе се обединат толку брзо како распрскани капки жива“.
6. Теодор Рузвелт, 26 претседател на САД (1901-1909)
Теодор Рузвелт
Royal Photographic Society Colle/Global Look Press„На Русија ѝ предвидувам голема иднина. Сепак, таа ќе мора да издржи големи искушенија и можеби и да се соочи со сериозни потреси, но тоа ќе помине и тогаш Русија ќе се издигне и ќе стане бедем на Европа, можеби дури и најмоќната империја на светот“.
7. Бернард Монтгомери, британски фелдмаршал
Бернард Монтгомери
Imago stock&people/Global Look Press„Првото правило на првата страница на книгата за војната гласи: „Не марширајте на Москва“. Разни луѓе се обидоа да го направат тоа, Наполеон и Хитлер, и тоа не е добро“.
(Во текот на говорот во Домот на лордовите, 30 мај 1962)
8) Фридрих Ниче, германски филозоф од XIX век
Фридрих Ниче
Scherl/Global Look Press„Ако на површина избие волјата (за зачувување на традицијата, авторитетот, одговорноста за сите изминати векови, и солидарноста на минатите и идните генерации), тогаш се појавува нешто слично на Римската империја, или Русија – единствената земја која во денешно време има иднина“.
9) Чарлс Болен, американски амбасадор во Советскиот Сојуз (1953-1957)
Чарлс Болен
Getty Images„Во два случаја дефинитивно можеме да кажеме дека си имаме работа со лажго: ако човек каже дека може да пие цела ноќ шампањско без да се опие и ако каже дека ги разбира Русите“.
10) Јаша Хајфец, американски виолинист од руско потекло
Јаша Хајфец
Scherl/Global Look Press„Еден Русин е анархист, двајца Руси се шаховска партија, тројца Руси се револуција, а четворица Руси се Будимпештанскиот жичен квартет“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче