- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
За време на своето постоење Црвениот плоштад веројатно нема видено толку многу свечени настани. Се одржуваа, меѓу другото, и празнични демонстрации...

МАММ / МДФ/Russia in photo
И воени паради...

Петар Оцуп/МАММ / МДФ,Фонд Рибчинского и Гладкова/Russia in photo
И масовно организирани прошетки на разни индустриски синдикати, и спортски настани...
МАММ / МДФ/Russia in photo
И средби на жени-комунисти од целиот свет...
МАММ / МДФ/Russia in photo
Одржувана е и обука на Кремљовскиот полк.
МАММ / МДФ/Russia in photo
По смртта на Владимир Илич Ленин во 1924 година, на Црвениот плоштад се појави мавзолејот на Ленин, новиот атрибут на советската власт кој со текот на времето прерасна во култ. Мавзолејот најпрво привремено беше направен од дрво, а потоа од камен.
МАММ / МДФ/Russia in photo
Митинзи и собири не се одржуваа само на Црвениот плоштад. Агитациската работа со населението се одвиваше во целиот град.
МАММ / МДФ/Russia in photo
Агитациски автомобил во Мјасничката улица.
Аркадиј Шајхет / МАММ / МДФ/Russia in photo
Митинг на Ходинско поле (симболично е што токму таму се славеше крунисувањето на Николај II и што многу луѓе ги загубија животите во толпата што се создаде кога бесплатно се делеа подароци).
Петар Оцуп / Russia in photo
Една од најпознатите фотографии на водачот на револуцијата: Ленин им држи говор на војниците на Црвената армија.
Петар Оцуп//Russia in photo
Дури и на железничките станици беа основани „агитациски пунктови“ кои служеа како центри на масовна политичка работа. На фотографијата е Курската железничка станица.
МАММ / МДФ/Russia in photo
Луѓе од село доаѓаат во Москва за сезонска работа.
Аркадиј Шајхет / МАММ / МДФ/Russia in photo
Болшевиците основаа агитациски театарски трупи кои изведуваа различни претстави. Така, политичките теми беа поинтересни и полесни за разбирање (особено кога стануваше збор за неписмените). На фотографијата настапува трупата „Сина блуза“ со краткото театарско дело „Црвената армија“.
Имаше и патувачки филмски екипи кои снимаа и прикажуваа филмови - нов вид уметност на која болшевиците ѝ придаваа големо значење.
Државен музеј на политичката историја на Русија/Russia in photo
Реклама за филмот на Сергеј Ејзенштајн „Крстосувачот „Потемкин“ на фасадата на Уметничкото кино.
МАММ / МДФ/Russia in photo
На новата земја ѝ требаше нова уметност, па беше отворено училиштето ВХУТЕМАС (Високи уметничко-технички работилници).
Збирка на А. Лаврентјев / Russia in photo
Болшевиците агресивно ги затвораа црквите и го конфискуваа црковниот имот. Голем дел од црковните скапоцености беа продадени на Запад или претопени за потребите на војската. На фотографијата војници во Кремљ изнесуваат скапоцености од Симоновиот манастир, кој подоцна ќе биде срушен.
Од личната збирка на С. Бурасовски / Russia in photo
Поглед на Страсниот плоштад (десно е Страсниот манастир кој подоцна беше урнат).
Аркадиј Шајхет / МАММ / МДФ/Russia in photo
Стариот храм „Христос Спасител“, урнат во текот на 1930-тите.
Сергеј Коршунов/МАММ / МДФ/Russia in photo
Модата во 1920-тите. Девојки од времето на НЕП (нова економска политика) шетаат на Чистопрудниот булевар во центарот на Москва.
Семјон Иљин/ГИН РАН/Russia in photo
Сухарева кула – здание кое Москва го загуби засекогаш. Урната во 1934 година.
Аркадиј Шајхет / МАММ / МДФ/Russia in photo
Станица за трамвај на Сухаревскиот плоштад.
Александар Родченко / МАММ / МДФ/Russia in photo
Во 1920-тите во Москва сè уште можеше да се сретнат голем број коњски запреги. Многу улици беа тесни, но имаше и многу широки, со густ сообраќај од јавниот и приватниот транспорт. На фотографијата се гледаат белите ѕидини на Китај-Город, кои ќе бидат урнати во 1930-тите со цел да се прошират авениите и да се добие повеќе простор за сообраќај.
МАММ / МДФ/Russia in photo
Во зградата на благородничкиот Англиски клуб во текот на 1920-тите беше организирана изложбата „Црвена Москва“, а подоцна беше отворен Музејот на револуцијата на СССР.
МАММ / МДФ/Russia in photo
Болшевиците не уриваа само. Нешто и градеа. Еден од симболите на епохата и вистинско ремек-дело е Шуховската телевизиска кула. Фотографијата ја направи Александар Родченко, главниот авангарден фотограф во тоа време. За новите необични градби тој пронаоѓаше нови необични агли на снимање.
Александар Родченко / МАММ / МДФ/Russia in photo
А ова е монументалната Серуска земјоделска и занаетчиско-индустриска изложба одржана во 1923 година на Воробјови Гори. Подоцна за неа беше одвоена посебна локација каде беше уреден огромниот парк ВДНХ (Изложба на достигнувањата на народното стопанство).
Сојуз на фотографските уметници на Русија / Russia in photo
Нова зграда во улицата „Усачова“.
Аркадиј Шајхет / МАММ / МДФ/Russia in photo
Во 1925 година во Москва е изградена нова зграда во модерниот конструктивистички стил. Фасадата на Домот на „Моссељпром“ (Московска трговско-индустриска организација) ја красеше реклама во стилот на авангардата. На неа пишува: „Квасец“, „Тутун“, „Пиво и други пијалаци“, „Кекс“, „Бонбони“, „Чоколади“ и „Никаде како во „Моссељпром!“.
Александар Родченко / МАММ / МДФ/Russia in photo
А вака изгледаше тезга за продажба на тутун на „Моссељпром“.
Александар Родченко / МАММ / МДФ/Russia in photo
Конструктивистичката зграда на планетариумот е изградена во 1929 година. Сталин во автомобил пред театарот „Бољшој“, 1926 година.
Театралниот плоштад, поглед од театарот „Бољшој“.
Аркадиј Шајхет/Приватна колекција/Russia in photo
Капење со поглед на Кремљ. Денес е тешко и да се замисли некој да се капе во реката Москва во центарот на градот.
Архива на корисникот Leonoro Karel//Russia in photo
Исконска руска разонода – спуст од снежниот рид на Воробјови Гори.
Аркадиј Шајхет / МАММ / МДФ/Russia in photo
Деца се возат во санки што ги влечат магариња во Петровскиот парк.
Аркадиј Шајхет / МАММ / МДФ/Russia in photo