- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Градот Суздаљ првпат се споменува во пишаните извори пред илјада години. Денес тоа е мал и шармантен провинциски град, а некогаш бил еден од најважните центри на Стара Русија.
Во XII век во Владимиро-Суздаљското кнежевство (североисточно од Москва) живееле најбогатите кнезови, кои се труделе да му остават на својот народ што е можно поубави храмови и повредни уметнички дела. Најпознати меѓу нив се Јуриј Долгоруки и неговите синови Андреј Богољупски и Всеволод „Големото Гнездо“. Тие всушност и ја формирале самобитната руска култура во формата што ја гледаме и денес.
Сé до XVIII век се создавале ремек-дела на архитектурата, иконописот, применетата и книжевната уметност. Еве само неколку од исклучително важните артефакти кои се чуваат во Владимиро-Суздаљскиот роднокраен музеј.
1. Златната капија на Богородице-Рождественскиот храм во Суздаљ (од 1230-тите)

Третјаковска галерија

Александар Авилов/Агенција „Москва“
2. Пресвета Богородица Казањска. Икона во рамка со украси. Втора четвртина на XVII век.
Третјаковска галерија
3. Икона. Покров на Пресвета Богородица. Последна четвртина на XV век.
Третјаковска галерија
4. Икона „Пресвета Богородица Владимирска“. Му се припишува на Андреј Рубљов. Крај нa XIV ипочеток на XV век.
Третјаковска галерија
5. Маска на лав од Успенскиот храм во градот Владимир, 1160.
Третјаковска галерија
6. Носач на цибориум (натстрешница над чесната трпеза) со симболи на евангелистите Матеј, Марко, Лука и Јован, XVIII век.
Третјаковска галерија
Александар Авилов/Агенција „Москва“
7. Голем пренослив фенер, познат и како „Цар-фенер“ од Рождественскиот храм на Суздаљскиот кремљ, XVII век.
Третјаковска галерија
8. Покров. Светиот кнез Георгиј Всеволодович, околу 1645.
Третјаковска галерија
9. Митра, 1645.
Третјаковска галерија
10. Евангелие (почеток на XVII век)
Александар Авилов/Агенција „Москва“
Изложбата „Великото кнежевство. Ризница на Владимиро-Суздаљската земја“ се одржува во Нова Третјаковка од 24 јануари до 10 мај 2023 година.