- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Историјата на СССР отсекогаш се рефлектираше во украсите за новогодишната елка. Многу такви украсни играчки беа посветени на актуелните настани од тоа време. Во 1930-тите елките беа китени со фигурини на пионери и црвеноармејци, во 1940-тите со играчки со воена тематика и рачно изработени украси, а подоцна и со фигурини на овошје, зеленчук, животни, космонаути... Ги избравме најинтересните новогодишни украси од секоја деценија на советскиот период.
Украсите за елка како средство за пропаганда
Мешок
Од 1929 до 1935 година во СССР беше забрането да се слави Нова година, па дури и да се украсува елка. Но, штом забраната на Сталин беше укината, производството на новогодишни украси веднаш беше рестартирано. Тие станаа и средство за пропаганда, бидејќи елките се китеа со фигурини на пионери и војници, како и со украсни топки посветени на Црвената армија. Често се користеа венци направени од знаменца со приказ на буѓониевци, морнари и разузнавачи.
Мешок
Одредени играчки беа посветени на конкретни личности. Таква, на пример, беше фигурата на офицерот на пограничните трупи Никита Карацупа, кој се прослави со тоа што фати 338 луѓе кои се обидуваа илегално да ја преминат границата, ликвидираше 129 шпиони и диверзанти и основа своја школа за дресура на службени кучиња.
Литфонд
Во текот на 1930-тите интензивно се развиваше производството на цепелини. Во 1937 година советски цепелин помина 130 часа и 27 минути во воздух, соборувајќи го светскиот рекорд за времетраење на лет. Интересот за леталата се одрази и врз играчките. Тогаш минијатурните цепелини беа правени од картон и папје-маше, а во 1950-тите се појавија и примероци од стакло.
Максим Новиков / TASS
Се разбира, чести беа украсите во вид на петокрака или со приказ на срп и чекан. Дури и врвот на новогодишната елка, кој претходно ја симболизираше Витлеемската ѕвезда, беше заменет со „идеолошки исправната“ варијанта во вид на Црвената петокрака.
Лавка старины
Новата година за време на војната
Во 2 светска војна украсите често беа посветени на воената тематика. Една таква играчка, на пример, беше фигурата на пес-болничар.
Мешок
Меѓутоа, најчести беа украсите од рачна изработка. Во времето на воената немаштија беа правени материјали што ќе се најдеа при рака.
Юла
Во заднината на фронтот тоа беа ишарани прегорени светилки и фигури направени од жица, а на фронтот шарани чаурим, а за шарање беа користени еполетите.
Лавка старины
Модата на украсување елки
По војната, производството се сврте кон мирновременски теми. Така, во 1949 година, по повод 150-годишнината од раѓањето на Александар Пушкин, беа направени неколку комплети посветени на неговите бајки во стих „Руслан и Људмила“, „Сказната за царот Салтан“ и „Златната рипка“.
Avito
Еден комплет беше посветен на бајката „Чиполино“ од Џани Родари. Сето тоа беше направено во прилично големи тиражи, но денес неоштетен комплет може да чини и повеќе од половина милион рубли.
Максим Новиков / TASS
Многу популарни беа играчките во вид на часовник чии стрелки покажуваат пет минути до полноќ. Имаше и разни топчиња, фигури на овошје и зеленчук.
Вселенската ера
Андреј Ј. Вуколов (CC BY-SA 3.0)
Од 1957 година и во текот на 1960-тите, дизајнерите на новогодишните украси беа инспирирани од најважните настани, а тоа беше лансирањето на првиот сателит и летот на Јуриј Гагарин во вселената.
Мешок
Се појавија играчи во вид на космонаути и ракети, а наместо петокрака на врвот на елката понекогаш се ставаше првиот степен на ракетата.
Вини Пу и олимпиското мече Миша
Украсите за новогодишна елка во вид на Вини Пу и други ликови од омилениот цртан филм се појавија во 1970-тите, по огромниот успех што го забележа советската верзија на цртаниот филм, направена по мотиви на книгата на Алан Милн.
Мешок
А по Олимпијадата во Москва 1980 година, на советските новогодишни елки светна олимпискиот факел, заедно со легендарното олимписко мече Миша, симболот на тие игри.
Мешок