Секоја година во различни земји се објавуваат нови преводи на руската класика, односно романи од 19 и од почетокот на 20 век. Ретко кој издавач се охрабрува да преведе и да објави современ роман зашто се знае дека Толстој и Достоевски ќе се продаваат многу подобро од некој непознат автор. Еве како изгледа врвот на ранг-листата на најпопуларните руски книги на Запад.
Гогољ своето дело го означил како поема, иако романот е напишан во проза. Неговиот јунак Чичиков, слично на Одисеја, патува низ Русија и ги посетува еден по еден провинциските спаии, молејќи ги да им продаде „мртви души“; односно кметови кои веќе починале, но чија смрт сѐ уште не е заведена во книгите, зашто ревизиите се објавуваат еднаш годишно. На овој начин тој сака да стекне статус на спаија, и да „поседува“ кметови кои фактички не постојат. Во оваа книга се прикажани пороците на руското општество, и воопшто човековите пороци. Особено се интересни лирските отстапувања како она за „Русија-троица“ која ита во иднината и што е нејзината судбина. Ова комично и воедно филозофско дело се најде на ранг-листата на 10 руски книги што ги препорачува италијанскиот Esquire. Покрај тоа „Мртви души“ е и на листата на 100 најдобри книги на сите времиња според верзијата на британскиот весник „Гардијан“ и на Норвешкиот литературен клуб.
Тука можете да ја прочитате кратката содржина на романот и да дознаете повеќе детали за него.
Овој роман претставува квинтесенција на руската мрзеливост. Иљја Илич Обломов буквално не станува од диванот, никаде не оди, не се занимава со ништо и сето време го минува во мечтаење. Не може дури ни да се заљуби како што треба. Имено, тој ја бара раката на млада и убава жена, но на крајот се повлекува, па таа се мажи за неговиот претприемчив пријател. По објавувањето на романот се појави поимот „обломовштина“ кој означува извесен спој на мрзеливост, апатија и отсуство на волја за живот, што е мошне својствено за руската душа (не е случајно што постојат голем број народни сказни посветени на јунаци кои со години се излежуваат на печката). Според верзијата на јапонското списание „Kangaeruhito“ оваа книга е меѓу првите 100 странски романи кои треба да се прочитаат во текот на животот.
Романот „Татковци и деца“ е едно од најважните дела на Тургенев. Зборува за судирот на генерациите, па и насловот на романот стана синоним за оваа генерација. Во Русија оваа книга се третира како најважно дело на писателот и е задолжителна во сите училишта и образовни установи. Во своите други дела („Рудин“, „Асја“, „Дворјанско гнездо“) создаден е ликот на „тургеневската млада дама“ кој е исто така препознатлив. Станува збор за млада, но независна девојка чиј карактер е посилен и е понезависен од оној на слабите мажи.
Меѓутоа, во странство популарно стана делото „Прва љубов“ на Тургенев. Тоа зборува за драматична луда вљубеност на едно момче во девојка која е постара од него (и на која всушност ѝ се допаѓа неговиот татко!). На пример, јапонската издавачка куќа „Shinchosha“ го препорачува ова дело на листата од 40 дела на светската литература кои се читаат без напори, и тоа на читателите кои допрва се запознаваат со светската и со руската литература.
Мистичен, мистериозен, волшебен и смешен, романот „Мајсторот и Маргарита“ спаѓа меѓу најомилените романи на руските читатели. Ова е необично интересена приказа за доаѓањето на самиот ѓавол во Москва и за тоа како Маргарита му ја продава својата душа поради саканиот Мајстор. Главите за Мајсторот и Маргарите се преплетуваат со главите на Мајсторовиот роман за последните денови од животот на Исус Христос.
Врз основа на анкетата на германскиот телевизиски канал ЗДФ, романот „Мајсторот и Маргарита“ се вбројува меѓу 100 најдобри книги на сите времиња. На својата престижна ранг-листа 100 најдобри книги на 20 век романот на Булгаков го стави и францускиот весник „Ле Монд“. Меѓу најдобрите книги на 20 век ги вброи и сајтот за љубителите на книги Goodreads. Јапонскиот весник Ypmiuri го врбои Булгаков токму со оваа книга меѓу 60 најголеми писатели на светската литература.
Дури и ако не знаете ништо за дејствието во „Ана Каренина“, веројатно сте слушнале за нејзиниот крај, односно дека јунакињата се фрла под воз. За популарноста на оваа книга зборува и фактот што романот има доживеано над 40 екранизации во различни земји од светот. Толкавата популарност кај читателите воопшто не е ни чудна, со оглед на тоа што романот пред сѐ зборува за љубовта,
Но, и критичарите високо ја ценат „Ана Каренина“. Таа е на списокот на 100 најдобри книги на сите времиња на германскиот телевизиски канал ЗДФ, на Норвешкиот литературен клуб, на британскиот весник „Гардијан“, а исто така се наоѓа и на ранг-листата на 200 најдобри книги на медиумската куќа Би-Би-Си.
Тука можете да ја прочитате кратката содржина на романот и да дознаете повеќе детали за него.
Четиритомниот роман-епопеја може да го исплаши читателот со својот обем. Ова е приказна за неколку семејства среде големите историски настани поврзани за војната на Руската империја против Наполеоновата Франција.
„Војна и мир“ е први руски роман кој се најде на прво место на ранг-листата на 100 најдобри книги (Њузвик). Покрај тоа се најде и на ранг-листата на 100 најдобри книги на германскиот телевизиски канал ЗДФ, на Норвешкиот литературен клуб, на британскиот весник „Гардијан“, а исто така се наоѓа и на ранг-листата на 200 најдобри книги на медиумската куќа Би-Би-Си.
Тука можете да ја прочитате кратката содржина на романот и да дознаете повеќе детали за него.
Достоевски има напишано барем пет големи романи и стана рекордер на Норвешкиот литературен клуб, кој цели четири книги на овој писател ги објави во својата серија 100 најдобри книги на сите времиња. Тоа се „Злосторство и казна“, „Идиот“, „Демони“ и „Браќата Карамазови“.
Секој ученик во Русија се запознава со Достоевски, читајќи ја токму книгата „Злосторство и казна“. Тоа е приказна за еден студент кој решава да провери за што е способен, па убива една стара лихварка. Покрај тоа книгата се најде и на ранг-листата на 100 најдобри книги на германскиот телевизиски канал ЗДФ, на британскиот весник „Гардијан“, а исто така се наоѓа и на ранг-листата на 200 најдобри книги на медиумската куќа Би-Би-Си.
Тука можете да ја прочитате кратката содржина на романот и да дознаете повеќе детали за него.
Во основата на овој роман се наоѓа интересна детективска приказна. Еден од тројцата синови го убива татка си... Ова е всушност роман за љубовта, за смислата на животот и за Бога.
„Браќата Карамазови“ се наоѓа на истите ранг-листи на кои се наоѓа и „Злосторство и казна“. Романот го зазеде 30 место на ранг-листата на 100 најпродавани книги од белетристика на јапонскиот Амазон. Покрај тоа, јапонското списание „Kangaeru hito“ на ранг-листата на 100 странски романи што треба да се прочитаат во текот на животот го споменува „Браќа Карамазови“ и уште четири романи на Достоевски (вклучувајќи ги и „Записите од мртвиот дом“ и „Зли дуси“).
Тука можете да ја прочитате кратката содржина на романот и да дознаете повеќе детали за него.
Иако има мошне чувствително дејствие (дури и претерано чувствително), скандалозната книга на Набоков за педофилот Хамберт кој се загледал во својата поќеркa, привлечна тинејџерка, редовно се вбројува на сите ранг-листи на најдобри книги на сите времиња. Романот е напишан на англиски, а десет години потоа авторот лично го превел на руски.
Американското списание „Њујорк тајмс“ ја вброи „Лолита“ на четвртото место на ранг-листата на 100 најдобри романи, а воедно ја вброи и на листата 25 најдобри романи во последниве 125 години (и им предложи на читателите на ја изберат најдобрата). „Лолита“ се најде на листата на 100 најдобри книги на францускиот весник „Ле Монд“ (патем, романот за првпат е објавен во Франција во 1955 година) и на листата на 100 најдобри книги на сите времиња според верзијата на списанието „Тајмс“.
Јапонскиот весник „Yomiuri“ го вброи Набоков и неговата „Лолита“ во списокот 60 најголеми писатели на светската литература, а јапонскиот весник „Kangaeru hito“ го предложи на својата листа од 100 странски книги што треба да се прочитаат во текот на животот.
Во СССР Солженицин беше забранет. Ова дело беше објавено дури во 1990 година (во Франција книгата излезе уште во 1973 година). Делото на Солженицин „Еден ден на Иван Денисович“, напечатена во 1962 година беше првото објавено советско дело за Гулагот. Околу него се крена голема врева и во советското општество и во целиот свет. Од друга страна, „Архипелагот Гулаг“ е обемно уметничко истражување на советскиот казнено-поправен систем (од 1918 до 1956) во кој Солженицин работел десет години. Оваа книга во СССР долго време беше забранета. За првпат се појави во Франција во 1973 година, а на советските читатели им стана достапна дури во 1990 година. Насловот „Архипелагот Гулаг“ стана синоним за затворите на советскиот казнено-поправен систем.
Во Франција оваа книга е на 15 место меѓу 100 најдобри книги на столетието според верзијата на списанието „Ле Монд“ (патем, романот на Солженицин „Одделение за рак“ е на списокот 100 омилени книги во Франција).
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче