- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
1. Јусуповскиот дворец во Санкт Петербург
Legion Media
Јусупови беа еден од најстарите и најбогатите благороднички родови во Русија. Поседуваа дворец на кејот на реката Мојка во Санкт Петербург и тој беше во нивна сопственост од почетокот на XIX век до револуцијата во 1917 година. Однадвор дворецот можеби и не изгледа особено раскошно, но затоа го има еден од најбогато украсените ентериери во Русија.
Legion Media
Секоја сала е уметничко дело.
Legion Media
Дворец има и раскошен домашен театар, кој според раскошот на декорациите може да се мери со театрите Болшој и Мариински.
2. Строгановскиот дворец во Санкт Петербург
Alex 'Florstein' Fedorov (CC BY-SA 4.0)
Во Петербург има многу дворци, вклучувајќи ги и царските. Оваа розово здание го пречекува секој што ќе реши да се прошета по Невскиот Проспект - главната улица на Петербург. Втората фасада се гледа од кејот на реката Мојка.
Legion Media
Изграден е од дворскиот архитект, Италијанецот Растрели, кој ги проектирал Царско Село, Петерхофскиот дворец и Зимскиот дворец. Сопственик на овој замок бил баронот Сергеј Строганов, а потоа и неговите потомци, страсни колекционери на слики.
Legion Media
Сега зданието служи како филијала на Рускиот музеј.
3. Имотот на Шереметјеви во Кусково, Москва
Legion Media
Родот на Шереметјеви бил богат. Можеле да си дозволат огромна летна резиденција во предградието на Москва. Дворецот е дрвена градба од XVIII век и сеуште е во одлична состојба.
Legion Media
Уште повпечатлив е паркот околу него, со плитки пештери и павилјони проектирани во европски манир од талентираните народни градители.
Legion Media
Семејството Шереметјеви имало и стаклена градина, каде што одгледувале егзотично овошје. Најинтересно е што тие воопшто не живееле во овој замок, дури не ни ноќевале во него. Овде само собирале многубројни гости за забава.
4. Замокот на Шереметјеви во Јурино (Република Мариј Ел)
Legion Media
Шереметјеви имале мноштво вили и имоти ширум Русија, и познат дворец во Москва, каде што им бил театарот со трупа сочинета од кметови. Тој театар бил познат во целата земја.
Leonrid
Еден од потомците на сопствениците на Кусково подигнал кон крајот на XIX век на брегот на Волга фантастичен дворец во неоготски стил.
Legion Media
5. Воронцовскиот дворец во Алупка, Крим
Legion Media
Крим бил омилено летувалиште на руското благородништво и на царското семејство. На јужната ривиера се сместени неколку раскошни царски дворци.
Legion Media
Ливадија и Масандра припаѓале на царското семејство Романови, еден дворец бил во сопственост на кнезовите Јусупови, а многу необичен е и готскиот замок на грофот Воронцов, намесникот на сите јужни руски губернии.
Legion Media
Го изградил англискиот дворски архитект Едвард Блор, авторот на главната фасада на Бакингемската палата во Лондон!
6. Дворецот на Олденбуршките благородници во Воронешката област
Insider (CC BY-SA 3.0)
Во гратчето Рамоњ, 40 км од Воронеж, се наоѓа уште еден готски дворец. Таквите зданија биле модерни во XIX век.
Дарја Апасаова (CC BY-SA 4.0)
Дворецот не припаѓал никому. Сопствениците биле благородници со германско потекло од познатото семејство Олденбург. Меѓу нив имало и принцови, и кнезови, и војводи...
Legion Media
Се зборува дека во Втората светска војна Германците не сакале да го бомбардираат дворецот кога дознале дека сопствениците имаат германско потекло.
7. Дворецот со имот Архангелское во Москва
Legion Media
Архангелское е еден од најраскошните имоти во Подмосковје. Многу пати го има менувано сопственикот. Во различни периоди бил во сопственост на најстарите и најбогати благороднички семејства: Шереметјеви, Голицини и Јусупови.
Legion Media
Архитектонскиот ансамбл составен од дворецот и паркот е формиран кон крајот на XVIII и почетокот на XIX век. Многу наликува и на раскошните резиденции кои руските цареви ги имале во близина на Петербург.
Legion Media
Овдешниот парк содржи голем број скулптури, неколку дворци, сопствен театар, па дури и семеен храм и гробницата на Јусупови со столбови. Живописниот пејзаж го крунисува поглед на реката Москва.
8. Шуваловскиот дворец во Санкт Петербург
Сергеј Смољски / TASS
Претставник на угледното семејство Наришкин во текот на 1820-тите го купил плацот на брегот на реката Фонтанка во Санкт Петербург. Тој и неговите роднини на тоа место неколку пати темелно го преуредувале дворецот.
Legion Media
Зградата го добила денешниот изглед кон крајот на XIX век. Еклектицизмот во неговата архитектура претставува спој на елементи на доцниот класицизам и неоренесансата.
https://fabergemuseum.ru/
Подоцна Наришкини се ородиле со семејството Шувалови, кои го поседувале дворецот до револуцијата во 1917 година. Во советско време се користел за различни намени, за во 2013 година тука да биде сместен Музејот „Фаберже“.
9. Дворецот Големи Вјазјоми во Московската област
Legion Media
Овој имот некогаш им припаѓал на кнезовите од родот Голицини. Некогаш оваа земја била во сопственост на царевите, прво на Иван Грозни, а потоа на Борис Годунов, за Петар I да му го подари имотот на својот воспитувач Борис Голицин.
Legion Media
Во близина на имотот се наоѓа куќа која ѝ припаѓала на бабата на Александар Пушкин, така што големиот руски поет уште како дете честопати престојувал во дворецот, во неговиот парк и во Вјазјомскиот храм.
Legion Media
Имотот бил сведок на историски настани за време на војната 1812 година. Се зборувало дека во замокот преноќил рускиот војсководец Михаил Кутузов, а веднаш утредента Наполеон, кој ја водел војската на Москва.
10. Богородицкиот имот во Тулската област
Legion Media
Имотот му припаѓал на вонбрачниот син на Екатерина II, грофот Алексеј Бобрински. Пред вилата имало уреден парк, а речниот тек бил преграден за да се направи езерце со фонтана во центарот.
Legion Media
На имотот била изградена и црква со барокна камбанарија. За време на Втората светска војна вилата била срушена речиси до темел. Беше реконструирана во текот на 1980-тите.
Laktrissa (CC BY-SA 4.0)