Раскошниот Јусуповски дворец: Внатрешноста на едно од најубавите зданија на Санкт Петербург

Legion Media; yusupov-palace.ru
Недамна заврши реставрацијата на една од најбогато украсените палати во Русија. Погледнете го дворецот на семејството кое по аристократија ни најмалку не заостануваше зад царското семејство Романови, а по богатство дури и значително го надминуваше. Овој дворец се прочу и по убиството на Распутин зад кое лично стоеше младиот сопственик на куќата.

Јусуповскиот дворец е трикатно здание со препознатлива окер жолта боја во неокласицистички стил на брегот на реката Мојка во Санкт Петербург. Изградбата на палатата за тајниот советник на Екатерина Втора (еден од највисоките државни службеници) Андреј Шувалов започнала во седумдесеттите години на осумнаесеттиот век. Зградата ја проектирал Французинот Жан Батист Вален Деламот, архитект со чие име се поврзани бројни други познати зданија во Петербург како што се Великиот гостини, односно трговски двор, Академијата на ликовни уметности или Малиот Ермитаж.

Палатата 1830 година ја купува еден од најбогатите луѓе во Русија, управникот на царскиот двор Борис Николаевич Јусупов. По аристократија ни најмалку не заостанува зад царското семејство Романови, а по богатство дури и значително го надминува.  

Дворецот на едно од најбогатите кнежевски семејства на Руската империја се прочу и по убиството на Распутин зад кое лично стоеше младиот сопственик на куќата.

Секоја сала на овој дворец е вистинско ремек-дело!

Свечените скалила

Мавританскиот салон

Зелениот будоар

Будоарот

Синиот салон

Црвениот салон

Големиот салон на Феликс Јусупов

Театарот

Салонот со таписерии

Салата со бели столбови

Салата со огледала

Античката сала

Дабовата трпезарија

„Гарсониератаˮ на Феликс Јусупов со восочните фигури на убијците на Распутин

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња