- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа

Haneda Anka
Ана Пестова работи како учителка во Уљановск на Волга, а во слободното време се занимава со своето омилено хоби. А нејзиното хоби е изработка на авторски кокошници.

Haneda Anka
На нејзиниот репертоар се принцези и кнегињи во руски стил и нежни пролетни кокошници со цвеќе, но и светли и предизвикувачки ликови од бајките, како што е, на пример, оваа „Огнена Агафена“.
Haneda Anka
Првиот свој кокошник Ана го направи за универзитетскиот костим на Снегурочка. Тој светкал во светки, но на авторката ѝ се сторило дека таа работа не е ни блиску до оригиналот. Дури три години подоцна се фатила за своето ново хоби и работата ѝ тргнала!
Haneda Anka
До пресвртница дошло во 2015 година. Голем поттик за понатамошната работа била одлуката на Ана да направи кокошник според сликата на Михаил Врубел „Принцезата Лебед“.
Haneda Anka
Ана работела на него, како и на речиси сите наредни, околу три месеци. Од 2015 година до сега таа има создадено околу дванаесет дела. Ана во се занимава со кокошници во слободното време, бидејќи е вработена. Оваа креативна работа ја доживува како одмор, а згора на сé наоѓа време и за семејството.
Haneda Anka
Ана често е инспирирана од платната на старите и современите сликари. Од современите мора да бара дозвола за да ја користи нивната работа и да го протолкува насликаниот кокошник „во природна големина“. Понекогаш сликарите дури и ѝ испраќаат дополнителни скици за таа цел.
Haneda Anka
Делото што самата авторка особено го цени е кокошникот „Фрина“, инспириран од порцеланските кукли на Марина Бичкова. Трите лика на кокошникот ги направија пријателите на Ана на 3Д печатач.
Haneda Anka
Ана вели дека најтешкиот и најдолгиот дел од работата е создавањето на конструкцијата за идниот кокошник. Треба да биде осмислен така што на него да се држат сите бројни и тешки украси. Кокошниците на Ана тежат и по 750 грама.
Haneda Anka
Секое дело на Ана е неповторливо. Таа вели дека ретко кој ги купува нејзините работи бидејќи се прилично скапи. Најмногу ги купуваат колекционери или љубители на уметноста. Од друга страна, нејзините кокошници често ги изнајмуваат за фотосесии во ефектен амбиент.
Haneda Anka
Ана го правеше кокошникот на фотографијата подолу повеќе од шест месеци. Оваа работа особено ја засакаа нејзините следбеници и таа е апсолутен шампион по бројот на изнајмувања и фотосесии.
Haneda Anka
За нејзините дела таа користи ткаенина, пластика, имитација на скапоцени камења и мониста. Сето тоа го купува во родниот Уљановск или го нарачува од онлајн продавница.
Haneda Anka
Ана секогаш ги објавува новите работи на социјалните мрежи, а често заедно со нив објавува и визуелни ликови кои ја инспирирале. Таа прави и видеа во кои ги прикажува меѓуфазите на изработката на кокошник.