На 8 септември 1941 година германските трупи го зазедоа градот Шлиселбург и со тоа го затворија обрачот околу Ленинград на копно. Единствената нишка што го спојуваше вториот по важност град на СССР со слободната советска територија беше трасата по должината на езерото Ладога, која остана запаметена како „Патот на живот“.
Ленинград помина 872 дена под опсада на германски, фински, шпански и италијански трупи, очајнички обидувајќи се да преживее. Помеѓу 650000 и милион и половина жители на градот го загубија животот поради студот, артилерискиот оган, воздушните напади и особено гладот.
Копнената комуникација со слободната советска територија беше обновена за време на офанзивата „Искра“ во јануари 1943 година, кога советските трупи го ослободија Шлиселбург. Една година подоцна, Црвената армија ја изведе операцијата „Јануарски гром“ и го отфрли непријателот 100 километри од Ленинград. Така беше ликвидирана опсадата што траеше 872 дена.
1. Б. Угаров. „Ленинграѓанка, 1941.“
Борис Угаров/Државен руски музеј, 1961.
2. В. Кучумов. „Пред Марсово поле, 1942.“
3.1. Иљја Глазунов. „Спомени од детството. Ленинградската опсада“
4. В. Кучумов. „Брегот на Нева пред Зимскиот дворец, 1942.“
5. П. Белоусов. „Од опсадниот дневник“
Петар Белоусов
6. К. Рудаков. „Мајка. Опсада“
7. С. Боим. „Ладога – патот на животот“
8. Н. Цицин, „Опсаден леб“
Никита Цицин, 1987.
9. Иљја Глазунов. „Глад“
10. Л. Кривицки. „Опсада. Зборува Ленинград“
Леонид Кривицки, 1967.
11. С. Боим. „Крстосувачот „Киров“ отвора оган“
Соломон Боим, 1944.
12. Ј. Непринцев. „Опсада, 1943.“
Јуриј Непринцев, 1943.
13. А. Харшак. „Зошто?“
Александар Харшак