Zaha Khadid Architects
Бројот на жители на Москва брзо расте, така што на главниот град на Русија му се неопходни брзи и современи градежни решенија.
Zaha Khadid Architects
За неполни десет години овој град може да добие нов величествен станбен кластер.
Zaha Khadid Architects
Планирано е станбениот комплекс да се подигне во северозападниот дел на Москва, во населбата Хорошево-Мневники. Се претпоставува дека тоа ќе биде најголемата станбена зона во Москва, а истовремено и деловен и културен центар.
Zaha Khadid Architects
Проектот го претстави проектното биро Zaha Hadid Architects. Неодамна презентираните рендерирани прикази на зградите пленат со фантастичниот современ изглед и футуристичките бионички форми.
Zaha Khadid Architects
Проектот подразбира огромен подиум и пет облакодери со зелена зона, спортски терени, кафе-барови и ресторани.
Zaha Khadid Architects
Новите згради ќе бидат подигнати недалеку од деловниот центар „Москва сити“, а во близина ќе биде и парк-шумата „Сребрен бор“. Најверојатно оваа локација ќе има прекрасен поглед на реката, како и добри врски со останатите делови на градот и пристап до метрото.
Zaha Khadid Architects