Топ-листа на советски филмови: „Соларис“ (1972)

Култура
ВАЛЕРИЈА ПАЈКОВА
Научнофантастичната драма на Андреј Тарковски (снимена во Јапонија, Москва и на Крим) се занимава со прашања на борбата меѓу психата и карактерот, природата и науката, љубовта и личните демони. Како и да се постави човек во таа борба, изгледа дека е секогаш во загуба.

Андреј Тарковски, еден од најценетите руски режисери, кој создаде филмови како што се „Ивановото детство“, „Андреј Рубљов“, „Огледало“ и „Сталкер“, беше мајстор за поставување незгодни прашања. Неговата научнофантастична сага „Соларис“ е филм кој може да ви го промени погледот на светот. Засновано врз романот на Станислав Лем, ова силно филмско остварување делува хипнотички и во целост ја преокупира имагинацијата на гледачот.

Крис Келвин, психолог, пристигнува на таинствена вселенска станица што лебди над планетата Соларис. Освен тројца научници кои работат во тој огромен простор, Крис среќава и „духови“ кои како да отелотворуваат некои од најболните и најсрамните човечки чувства. Келвин го прогонува покојната жена Хари (ја игра Наталија Бондарчук) која се убива по семејна препирка десет години претходно.