Русалка која исчезнува во куп свенато лисје, чајанка са џиновски октопод и конзерви место очи – ова се веројатно наједноставните сижеа на профилот на „Инстаграм“ на Александра Чертулова. Оваа девојка мајсторски владее со фотошоп и ја користи својата вештина за изработка на крајно необични автопортрети.
Чертулова е родена 1999 година во населбата Уралско во Пермскиот крај, но пред три години се пресели во Перм. Оваа 21-годишна Русинка нема уметничко образование, меѓутоа од детство сака да фантазира, црта и фотографира. На нејзиниот профил, кој веќе има речиси 70000 следачи, си најдоа место сите овие нејзини три омилени активности.
„За мене целиот свет е инспирација! Луѓето, настаните, природата, местата, музиката, филмовите, книгите, сликарите. Кога главата ми е полна со различни слики и мисли, од тоа одеднаш се раѓа идеја“, го објаснува таа својот творечки процес. Ова се некои од нејзините работи.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче