Разгледниците во Русија се појавиле во XIX век, а на почетокот на XX веќе биде подеднакво вообичаена и масовно продавана роба за празниците како и чоколадата. Вистина, ги купувал само кремот на општеството. Имено, не биле евтини: 3 до 5 копејки морало да се издвојат за црно-бела, а 5 до 10 за разгледница во боја (додека векна леб во тоа време чинела половина копејка).
Темите биле најразлични: од вообичаените честитки до репродукции на слики и просто симпатични цртежи. Но, постоела и специфична категорија разгледници кои биле духовити, саркастични, дрски или сосем надреални. Излегува дека хуморот и проблемите со кои се занимаваат овие разгледници не се разликуваат многу од современите. Уште пред сто години во Русија луѓето им се смееле на вегетаријанците, модните ексцентричности и изневерените очекувања.
„Верен. Оженет. Разведен“
Public domain
„Тато! Тато!“
Public domain
„Христос Воскресе!“
Public domain
„Патувањето по море е специфично задоволство“
Public domain
„Брак од корист“ (ова е претходникот на интернет-опсесијата со мачиња)
Public domain
„Треба малку да се посоли“.
Public domain
„Сон и стварност“
Public domain
„Вегетаријанец: Ако успеам да ја избегнам опасноста, ветувам дека ќе јадам месо“
Public domain
„Поборничка за рамноправност пред машко капалиште“
Public domain
„Плодете се и размножувајте се“
Public domain