Култниот американски режисер Квентин Тарантино допатува во Русија за премиерата на неговиот нов филм „Си беше еднаш во Холивуд“, го посети Историско-културниот музеј „Московски Кремљ” во придружба на министерот за култура и веднаш стана хит на социјалните мрежи.
Треба да се каже дека Тарантино се воодушеви од цар-топот, за среќа го потри цар-ѕвоното и патем го праша рускиот министер што треба човек да стори за да биде погребан во Кремљ или барем до Кремљ.
Руските социјални мрежи не можеа да го игнорираат настанот и интернетот брзо се наполни со нови мемиња. Уживајте!
„Три по полноќ: јас и плескавица во микробранова печка“.
„Си го обожавам градот. Сега некаде низ него шета Квентин Тарантино“.
„Тарантино во Москва, тоа ви е како некој дедо насилно да извлекле од селото и го натерале привремено да се откаже од носење ѕиври“.
„И тоа го има: си одиш така по Црвениот плоштад, кога што ќе видиш - Квентин Тарантино!
„Тарантино на оваа фотографија - истиот чичко Јура од Салехард кој дошол во Москва да ги посети роднините, а него со сила го повеле да го види Кремљ“.
„Тарантино во Москва снима продолжение на „Осумтемина омразени“
(на фотографијата советски ВАЗ-2108 познат како „осумка“)
„98 рубли в џеб а хамбургер за 99“
„Кога си веќе толку гладен што ќе изедеш вол, а тие нешто ти раскажуваат и нешто ти покажуваат и ти раскажуваат и ти покажуваат...“
„Не го чепкав јас ѕвоното!“
- Те молам, престани да ми го уништуваш животот!
- Како да не!
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.